Будење на свеста: Промоција на книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам“

Во Даутпашиниот амам денеска ќе се одржи промоција на книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ на авторката Аниса Ејуп Беќировиќ. Книгата е автентичен приказ на секојдневието на семејство кое има член со нискофункционален аутизам. Ликовите и настаните се пресликани од реалниот живот кој ова необично семејство со силен оптимизам го живее.

Модератор на промоцијата ќе биде едукаторот при Националната галерија, Маја Димитрова, а промотори на книгата проф. д-р Владимир Мартиновски, д-р спец. Мервиса Драголовчанин, дефектологот Татјана Багеска и лекторите Лорета Трајкоска и Фатима Шкријељ.

Промоцијата ќе започне со поздравен говор на директорката на Национална галерија, Дита Старова – Ќерими, а на настанот е најавено присуство и на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, претставничката на Министерството за култура, Гордана Велковска, пратеничката и претседателка на Комитетот за односи на заедници, Арбана Пашоли, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ и заменик директорот на Агенцијата за остварување права на заедниците, Џељо Хоџиќ.

Настанот ќе биде збогатен со музичка изведба на класична гитара на Бора Акташ.

„Книгата изобилува со пораки чија цел е будење на свеста и отворање на портите на оваа енигма за сите останати, за нас типичните. По читањето на оваа книга составена од 21 кус расказ, Ве уверуваме дека аутизмот, како и сите останати посебни потреби ќе добијат нова димензија – благородно хумана“, велат организаторите.

Kнигата е издадена на македонски и босански јазик.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе