Агенда 21 – ново еколошко шоу со актерите Петрушевска и Џамбазов

Актерите Весна Петрушевска и Игор Џамбазов се водители на новото ТВ еколошко шоу Агенда 21, во продукција на КМК. Емисијата ќе се емитува на ТВ Телма, а ќе биде забавна, со многу факти и активности за ублажување на климатските промени, глобалното затоплување и деструктивноста кон природата од страна на човекот.

„Сигурна сум дека шоуто Агенда 21 ќе го задржи вниманието на гледачите, преку важни теми за животната средина. Интересен е фактот што направивме емисија која е налик на таканаречена “домашна седенка“ со поширокиот круг на семејството во која дискутираме, едуцираме, дебатираме и се забавуваме. Во светот, но и дома сме сведоци на пожари, поплави и изумирање на безброј животински диви видови, така што во никој случај не треба да ги игнорираме овие предупредувања кои ги имаме, за да не биде предоцна за целото општество“, вели Весна Петрушевска.

Агенда 21 ќе ги едуцира гледачите за моменталната состојба со животната средина во земјава, што всушност сите заедно можеме да направиме за да се грижиме за природата, бидејќи климатските промени се реалност и за тоа треба да се преземат сериозни чекори, како индивидуално така и од страна на институциите и компаниите.

„Крајно време беше некој да се позанимава на оваа тема. Мојата убава татковина, извор на бесконечно прекрасни пејсажи доживеав младите да ја викаат Македонија-депонија што ми покажа дека нешто навистина сме згрешиле во нашето битисување“, изјави Џамбазов.

„ТВ проектот го подготвувавме две години и бевме свесни за тежината што ja носи. Откако започнавме да снимаме во градовите и селата, воочивме дека грижата за животната средина ни е на ниско ниво. Навистина е загрижувачки да гледате депонии големи колку цели села, а истите тие се “комшии“ на нашите урбани и рурални општини. За жал сето тоа ние како граѓани го “консумираме“ преку воздухот и почвата. Треба да преземеме акција уште денеска“, вели Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.

Емисијата почнува на 20-ти ноември, секоја сабота, во 20 часот на ТВ Телма.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе