Салата на слоеви

Приготвување:

Во голем стаклен сад наредете ги на слоеви состојките на салатата според редоследот десно. Концентрирајте ги состојките на рабовите на садот, а средината пополнувајте ја со зелена салата, ако е потребно. Завршете со слојот од грашок.

Во посебен сад убаво измешајте ги состојките за преливот. Прелејте го врз грашокот и намачкајте го по целата површина, сè до рабовите на садот. Зачинете со свеж копар.

Покријте ја салатата и чувајте ја во фрижидер најмногу 8 часа.

Благо промешајте ја пред сервирањето.

Состојки:
За салатата:

2 главици зелена салата, искинати на парчиња

200 г спанаќ, измиен и исушен

сол и црн пипер, по вкус

8 цели тврдо варени јајца

400 г сланина, испржена и исечкана

4 цели домати, сечкани

4 млади кромитчиња, ситно сечкани

200 г рендан кашкавал

200 г замрзнат грашок, делумно одмрзнат

За преливот:

150 г мајонез

150 г кисела павлака

1 лажица шеќер (повеќе по вкус)

свеж копар, сечкан

Објавено

Понеделник, Јули 8, 2013 - 00:20

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе