Турски ќофтиња

Приготвување:

Ставете го меленото месо во голем сад за мешање. Изрендајте го кромидот во садот со месото. Додајте сол, црн пипер, цимет, црвен пипер и Вустершир-сос.

Откинете ја кората од лебот и ставете ја во чашата со млеко. Оставете да седи неколку минути додека лебот малку да го впие млекото и да стане влажен. Ставете го лебот во чинијата со месото. Фрлете го остатокот млеко што не го впил лебот. Мешајте го месото со лебот и со зачините додека смесата да се изедначи.

Исечкајте ја бабурата на многу мали парчиња и додајте ја во смесата со месо. Додајте ги и јајцето и пармезанот. Додајте ги ситно сечканите магдонос и кромид. Убаво измешајте. Смесата треба да биде многу влажна, но сепак од неа да може да се обликуваат ќофтиња. Ако е премногу влажна, така што да е многу тешко да се обликуваат ќофтиња, додајте неколку лажици лебни трошки.

Ставете 3-4 лажици лебни трошки во чинија. Почнете да ги обликувате ќофтињата и секое валкајте го во лебните трошки. Загрејте растително масло во голема тава и пржете ги ќофтињата, по 3-4 минути од секоја страна. Кога ќе добијат светлокафена боја и ќе станат крцкави, пренесете ги на чинија.

Откако сите ќофтиња ќе се испржат, ставете ги во тава за печење, па во загреана рерна и печете ги околу 15 минути.

Состојки:
1 кг мелено месо

1 жолта или црвена бабура

1 среден кромид

2 млади кромитчиња ситно сечкани

2 лажици сечкан магдонос

1/2 чаша рендан пармезан

3 парчиња бел леб

1 чаша млеко

1 големо јајце

сол

црн пипер

1/2 лажичка цимет

1/2 лажичка црвен пипер

2 лажици Вустершир-сос

3-4 лажици растително масло

околу 100 г лебни трошки

Објавено

Среда, Јануари 6, 2016 - 18:58

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе