Питулици од тиквички

Приготвување:

Ставете ги ренданите тиквички во цедалка над мијалникот. Посолете ги и промешајте; нека седат 10 минути. Со чиста крпа за садови или газа, целосно исцедете ги тиквичките.

Во голем сад измешајте ги тиквичките, брашното, лукот и јајцето; зачинете со сол и црн пипер, по вкус.

Загрејте го маслиновото масло на средно висока температура. Црпете по една лажица од смесата за секоја питулица, израмнете ја со шпатула, и пржете додека долната страна да добие златно-кафеава боја, околу 2 минути. Превртете ја и пржете од другата страна, околу 1-2 минути подолго.

Послужете ги веднаш.

Состојки:
  • 700 г тиквички, рендани
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажици брашно (или лебни трошки)
  • 2 чешниња лук, здробени
  • 1 големо јајце, изматено
  • сол и мелен црн пипер, по вкус
  • 2 лажици маслиново масло

Објавено

Понеделник, Септември 24, 2018 - 10:33

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе