Пире од карфиол

Приготвување:

Во големо тенџере стопете го путерот на средно висока топлина. Динстајте ги кромидот и лукот, мешајќи често, додека не омекнат и станат проsирни, околу 5 минути; намалете ја температурата ако треба за да не изгорат.

Ставете ги цветовите карфиол, хоплата или супата и мајчината душица. Покријте го тенџерето и оставете да крчка на средна температура додека карфиолот да омекне, 5-6 минути. Тргнете го капакот и оставете да крчка. Повремено мешајте, додека течноста да се намали за околу три четвртини, околу 20 минути. Фрлете го гранчето мајчина душица.

Во блендер сматете ги карфиолот и течноста за да добиете многу мазно пире. Зачинете со сол. Послужете го топло.

Состојки:
2 лажици несолен путер

1 голем кромид, ситно сечкан

4 средни чешниња лук, ситно сечкани

1 голема главица карфиол (1 кг), исечена на цветови

500 мл неутрална павлака или пилешка супа од коцка (или комбинација од двете, по половина)

1 гранче мајчина душица

сол

Објавено

Понеделник, Декември 21, 2020 - 10:07

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе