Пилешки ражниња со мед и сос од павлака

Приготвување:

Во сад измешајте ги маслото, медот, сосот од лук, солта и црниот пипер. Прелејте ги парчињата пилешко и убаво измешајте за да се обложат. Ставете ги во фрижидер да се маринираат најмалку 2 часа, а може и во текот на ноќта.

Потопете неколку стапчиња за ражен во вода. На секое стапче наредете 4 до 5 пилешки парчиња. Загрејте голема тава (или скара) на средно висока температура и ставете го маслиновото масло (не и на скарата). Ставете ги пилешките ражниња и пржете ги од секоја страна по 4 до 5 минути. Послужете ги веднаш со сосот од павлака и кришки лимон.

За сосот од павлака изматете ги сите состојки заедно додека да добиете изедначена смеса и послужете го сосот со ражнињата.

Состојки:
За ражнињата:

500 г пилешки гради, сечени на коцки

1 лажица маслиново масло

2 лажици мед

3 лажици сос од лук (која било марка)

1/4 лажичка сол

1/4 лажичка црн пипер

2 лажици маслиново масло

кришки лимон за послужување

За сосот од павлака:

300 г павлака

2 лажици маслиново масло

2 лажици ситно сечкан млад кромид

1 лажица мед

сок од 1 лимон

1/4 лажичка сол

1/4 лажичка црн пипер

Објавено

Среда, Март 11, 2015 - 09:03

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе