Приготвување:Во чинија измешајте 100 г од брашното со солта, лимоновата кора, црниот и црвениот пипер и кимот. Извалкајте ги кременадлите во смесата. Загрејте го маслиновото масло и 4 лажици путер во тава на средна температура. Пржете ги кременадлите додека не поруменат, по околу 2 минути од страна. Извадете ги од тавата и оставете ги на топло. Додадете ги кромидот и бабурите во истата тава и динстајте, мешајќи повремено, околу 10 минути. Пренесете ги на чинија. Во истата тава додајте ги преостанатите 3 лажици путер и 3 лажици брашно. Мешајте додека да добиете еднолична смеса. Гответе додека смесата да стане темнозлатна, околу 2 минути. Малку по малку додавајте од супата, мешајќи ги грутките, па додајте ја павлаката за готвење. Додадете уште супа ако смесата е премногу густа. Вкусете и додадете сол и црн пипер по потреба. Додадете ги кромидот, бабурите и згмеченото лукче, мешајќи ги со сосот. Послужете ги кременадлите прелеани со сосот. | Состојки:200 г брашно1 лажичка сол 1 чешне лук, здробено 1 лажичка црвен пипер 1 лажичка црн пипер рендана кора од 1 лимон 1/2 лажичка ким 8 свински кременадли 4 лажици маслиново масло 7 лажици путер 1 голем кромид, излупен и исечен на ленти 1 зелена бабура, исчистена и исечена на ленти 1 жолта бабура, исчистена и исечена на ленти 1 црвена бабура, исчистена и исечена на ленти 3 лажици брашно 500 мл пилешка супа, повеќе ако е потребно 2 лажици неутрална павлака за готвење |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 80НОВИ / 24h
- 1 од 14
- следно ›
- Контакт