Свинско крчкано во млеко

Приготвување:

Загрејте ја тавата на средно висока температура и ставете ги путерот и маслото. Кога пената од путерот ќе се смири, ставете го месото и пржете, вртејќи го, сè додека не се испржи од сите страни (околу 7 минути).

Додајте сол, црн пипер и една чаша млеко. Оставете 20-30 секунди млекото да почне да крчка, а потоа намалете ја температурата на минимум и покријте ја тавата со капак, малку подотворен.

Крчкајте на многу тивок оган околу еден час, вртејќи го месото одвреме-навреме, додека млекото да згусне испарувајќи и да се претвори во кафеав сос. Кога млекото ќе ја достигне оваа фаза (не пред тоа), додајте уште една чаша млеко, оставете да зоврие 10 минути, а потоа покријте ја тавата, целосно покривајќи со капакот. Намалете ја температурата на минимум и динстајте уште 30 минути. Проверувајте и одвреме-навреме свртете го свинското месо.

Додајте го остатокот од млекото (половина чаша). Динстајте уште еден час или додека месото да омекне и сето млеко испари и да се претвори во кафеави грутчиња. Сè заедно тоа треба да трае околу 2 и пол до 3 часа. Ако сметате дека течноста во садот испарила пред месото целосно да се зготви и ако се лепи на дното на садот, додајте уште малку млеко.

Кога свинското месо ќе омекне и сето млеко ќе згусне, пренесете го месото на штица за сечење. Оставете го така неколку минути, па исечете го на парчиња. Послужете го со компири или тестенини прелеано со сосот.

Состојки:
1 лажица путер

1 кг свинско филе

сол

црн пипер

две и пол чаши млеко

масло

Објавено

Сабота, Декември 5, 2015 - 00:02

Коментари

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе

Многу македонски „интелектуалци“, новинари и политичари се повеќе загрижени од можноста да се направи т.н. македонска платформа, отколку од последиците за земјата од прифаќањето на т.н. албанска платформа.

повеќе