Стифадо

Приготвување:

Ставете го говедското месо во голем стаклен сад. Додајте ги состојките за маринадата, а потоа покријте го садот и чувајте го фрижидер најмалку 6 часа, или по можност цела ноќ.

Излупете ги кромитчињата. Ако користите свежи, излупете ги и крупно исечкајте ги доматите.

Загрејте го маслото на средна температура во големо тенџере и пропржете ги кромитчињата 5 минути или додека да омекнат. Извадете ги од тенџерето и оставете ги настрана.

Исцедете го говедското месо од маринадата (неа зачувајте ја) и пропржете го во истото тенџере околу 8 до 10 минути, или додека да потемни од сите страни.

Вратете ги кромитчињата во тенџерето, додајте ги маринадата, доматите и доматното пире и доволно вода само за да се покрие чорбата.

Зачинете го великодушно со морска сол и свежо мелен црн пипер. Доведете го до вриење и потоа оставете го да се динста 1 и пол до 2 часа, или додека говедското да омекне, а сосот да згусне.

Послужете со тестенини и рендан кашкавал.

Состојки: 
  • 1,5 кг говедско месо пресечено на парчиња од по 7 см
  • 2 кг мали кромитчиња (арпаџик)
  • 4 домати или 400 г домати од конзерва
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажица доматно пире

 

Маринадата:

  • 3 чешниња лук, излупен и исечен на тенки ленти
  • 2-3 свежи дафинови листа
  • 1 лажиче морско оревче
  • 6 цели каранфилчиња
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче сушено оригано
  • 125 мл суво црвено вино
  • 4 лажици црвен вински оцет

Објавено

Петок, Март 3, 2017 - 19:35

Коментари

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе