Пилешки ролни со брокули и кремлив сос од сенф

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Исечете ги пилешките гради на половина по ширина, така што да добиете четири парчиња. Малку исчукајте ги за да се истенчат.

Во средината на секоја шницла ставете по 1-2 брокули, зачинете со сол и црн пипер, а потоа свиткајте ѝ ги рабовите, намотајте ја и зацврстете ја со чепкалки за заби.

Подгответе три чинии: во едната ставете го брашното, во другата матените јајца помешани со млекото и во третата лебните трошки. Валкајте ги пилешките ролни во чиниите по горниот редослед, внимавајќи да не се обложат и брокулите.

Стопете ги путерот и маслиновото масло во голема тава на средна температура. Пржете ги пилешките ролни додека да добијат кафеава боја од двете страни, а пилешкото делумно да е зготвено, околу 3 минути по страна. Пренесете ги ролните во тава за печење, со рабовите нагоре, и печете ги во рерна околу 10 минути.

Додека го привршувате пилешкото, направете го сосот од сенф: вратете го тавчето за пржење на рингла на средна температура и ставете го лукот, мешајќи 1 минута за да не изгори. Додајте го виното, мешајќи, и оставете го да испари 1 минута. Додајте го сенфот, оставете го 1 минута за да почне да пушта меури, а потоа додајте ја супата и оставете да се загрее. На крај, со брзо мешање додајте ја павлаката за готвење и мешајте додека сосот да згусне и да почне да пушта меури (5-7 минути). Додајте сол и црн пипер.

Послужете ги пилешките ролни топли, прелеани со сосот од сенф.

Состојки:
 2 парчиња пилешки гради

1 китка брокули (обарени на пареа 1-2 минути)

брашно

2 јајца

2 лажици млеко

лебни трошки

100 г солен путер + малку маслиново масло

3 чешниња лук, здробени

70 мл бело вино (или пилешка супа како замена)

3 лажички сенф

200 мл пилешка супа, плус повеќе ако е потребно за растворување

100 мл неутрална павлака за готвење

сол и црн пипер, по вкус

Објавено

Понеделник, Април 27, 2015 - 18:23

Коментари

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе