Приготвување:Загрејте ја рерната на 200 степени. Во големо тенџере со зовриена солена вода сварете ги њоките според упатството на пакетчето; добро исцедете ги. Зачинете го пилешкото со малку сол и пипер. Стопете 2 лажици путер во голема тава на средна температура. Динстајте го пилешкото во тавата во еден слој додека не порумени, по околу 4-5 минути од страна. Оставете го настрана. Стопете ги преостанатите 3 лажици путер. Додајте го кромидот и динстајте, мешајќи често, додека да омекне, околу 3-5 минути. Додајте ги лукот и мајчината душица и динстајте додека да замирисаат, околу 1 минута. Додајте го брашното и динстајте додека малку да зарумени, околу 1 минута. Постепено додавајте ги пилешката супа и виното и динстајте, постојано мешајќи, додека малку да згусне, околу 3-5 минути. Додајте го кремот за готвење и динстајте додека да згусне, околу 1-2 минути; зачинете со сол и бибер, по вкус. Додајте ги њоките и кељот и динстајте додека ќељот да свене, околу 1-2 минути. Вратете го пилешкото во тавата; наросете пармезан. Ставете го во рерна и печете додека не почне да пушта меурчиња, околу 10-12 минути. Послужете веднаш. | Состојки:1 пакетче њоки700 г пилешки стек сол и црн пипер, по вкус 5 лажици несолен путер, поделен 1 среден кромид, ситно сечкан 3 чешниња лук, здробени 2 лажички исечкани свежи листови мајчина душица 3 лажици брашно 1 1/4 чаша пилешка супа 1/4 чаша суво бело вино 1/2 чаша неутрален крем за готвење 1 китка кељ, стебленцата да се отстранат и да се исечка на парчиња со големина на залак 100 г рендан пармезан |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 68НОВИ / 24h
- 1 од 12
- следно ›
- Контакт