Италијанска солена торта

Приготвување:

Модриот патлиџан исечете го на мали коцки и испржете го на многу маслиново масло.

Додека се пржи патлиџанот, исечете ја и тиквичката на коцки и додајте ја во тавата. Здробете 1 чешне лук и додајте го во тавата.

Исечете ја пиперката и додајте ја кај зеленчукот што се пржи, па зачинете со италијанскиот зачин и со сол и црн пипер. Оставете го да се динста додека целиот зеленчук да омекне.

Исечете ги пилешките гради на ленти и испржете ги. Оставете ги настрана.

За пестото: во блендер миксирајте ги босилекот, 1 чешне лук, лешниците, пармезанот, малку сол и 200 мл маслиново масло.

Испрженото пилешко убаво обложете го со песто-сосот и оставете го да се олади.

Кромидот измешајте го со крем-сирењето.

Обложете ги страните и дното на калапот за торта со кришки леб (без корката). Намачкајте ги кришките на дното со третина од крем-сирењето. Врз него ставете го зеленчукот во еден слој, а врз зеленчукот уште еден слој кришки леб. Притиснете ги кришките надолу за да се нагмечи зеленчукот. Врз вториот слој леб наредете го пилешкото во песто-сос, а врз него сечканата марула. Врз марулата ставете уште еден слој кришки леб.

Извадете ги страните од калапот и целата торта премачкајте ја со останатото крем-сирење. Врз него посипете го ренданиот пармезан и послужете.

По желба украсете ја тортата со парчиња салама по вкус и сечкани шери-домати.


Состојки:
1 модар патлиџан

1 тиквичка

2 чешниња лук

1 црвена пиперка

1 лажица италијански зачин

200 г пилешки гради

голема китка босилек

100 г лешници

100 г пармезан, рендан

маслиново масло

кришки леб за тост

250 г крем-сирење

2 млади кромида, ситно сечкани

4 шери-доматчиња

3-4 листа марула

Објавено

Четврток, Март 12, 2015 - 20:03

Коментари

Веројатно е најдобро претседателот Иванов да не го дава мандатот додека не се даде на увид законот за употреба на албанскиот јазик и другите планови на новата коалиција

повеќе

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе