Хавајски бургер

Приготвување:

За да го направите сосот, измешајте ги мајонезот, теријаки сосот, медот и црвениот пипер.

Пропржете ги круговите ананас и бабура на средно висока температура, или испечете ги на скара.

Зачинете го меленото говедско месо и поделете го на 4 еднакви плескавици. Пржете ги на средна температура 4 до 5 минути од едната страна, потоа превртете ги и врз секоја плескавица ставете од теријаки сосот. Врз сосот на секоја плескавица ставете парче моцарела и оставете ја да се топи додека плескавицата се пржи, уште околу 4 минути.

Во друга тава на средна температура стопете путер и пропржете ги земичките од двете страни додека да добијат златнокафеава боја. Врз пресечената страна со лажица полејте малку од сосот и оставете лебот да впие. На секоја од половинките земички ставете по една плескавица, врз неа ставете две парчиња ананас, врз нив парчиња црвен кромид, па парчиња бабура и на крај зелена салата. Покријте со горните половини од земичките и притиснете малку да се згмечат. Послужете со екстра сос за макање.

Состојки:
За сосот:

100 г мајонез

2 лажици теријаки сос

1 лажица мед

1/4 лажичка црвен пипер


За бургерите:

8 цели круга ананас од конзерва

1 црвена бабура, исчистена од семиња и исечена на кругови

700 г мелено говедско

сол и црн пипер

теријаки сос

4 тенки парчиња моцарела

2 лажици путер

4 земички

половина црвен кромид, сечен на тенки кругови

листови зелена марула

Објавено

Понеделник, Март 11, 2019 - 17:27

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе