Говедско печење со пиво и кромид

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 140 степени.

Во тавата за печење на рингла загрејте го маслото на висока температура.

Богато зачинете го месото со сол и со црн пипер. Испржете го месото од двете страни, по околу 2 минути по секоја страна. Извадете го месото од тавата. Намалете ја температурата на средна.

Во тавата ставете ги кромидот и лукот. Мешајте 30 секунди. Истурете го пивото и додајте ги мајчината душица, рузмаринот и сол по вкус - околу 1 лажичка (месото не треба да биде несолено.) Вратете го месото во тавата, потопете го во течноста и покријте ја тавата со капак.

Пренесете ја тавата во рерна и динстајте два и пол до три часа, или додека месото да омекне и да почне да се распаѓа.

Раскинете го месото со две виљушки. Сервирајте го на чинија прелеано со сосот и кромидот.

Состојки:

1 цела говедска плешка (1 до 2 кг)

сол и црн пипер по вкус

3 лажици маслиново масло

4 цели кромиди, излупени и исечени на тенки ленти

5 чешниња лук, сечкани

2 лименки пиво

1 лажичка сечкана мајчина душица (или во прав)

1/2 лажичка рузмарин


 

Објавено

Недела, Септември 29, 2013 - 22:47

Коментари

Mеѓународната заедница од една страна бара владеење на правото во Македонија, а од друга страна ја игнорираат одлуката на судот и фактот дека повеќето од земјите-членки на ОН го користат терминот Република Македонија. Срамно!

повеќе

Додека владее силата, а тоа ќе потрае, правда - нема. Сепак, малите и сиромашните, немаат друг избор отколку да ја бараат на секој можен начин.

повеќе

Тврдоглаво инсистирање на Грција за промена на името и недоволната енергичност и кусогледост на влијателните членки на меѓународната заедница за доследно спроведување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата, го менуваат расположението на македонските граѓани за евроинтегративниот процес.

повеќе