Боршч

Приготвување:

Прво направете ја супата. Измијте го целото говедско месо во ладна вода и исушете го со хартиени крпи. Наполнете големо тенџере со вода (околу 12 чаши) и додајте ги ребрата, солта и дафиновите листови. Доведете ја супата до вриење на средна температура, намалете ја температурата и варете ги ребрата околу 2 часа. Додајте ги парчињата говедски врат и варете уште еден час. Додавајте уште вода за да се дополни тенџерето додека испарува. Оставете уште еднаш да зоврие и исклучете ја ринглата. Извадете го месото од супата и оставете да се излади.

(Имајте на ум дека во процесот на готвење на месото треба да ја собирате кафеавата пена од површината, за супата да остане бистра.)

Откако говедското ќе се олади, извадете го месото од коските и фрлете ги коските. Исечкајте го остатокот од месото така што речиси да изгледа како пасирано свинско.

Исечете ги компирите на коцки и сосе нив вратете го сечканото месо назад во тенџерето со супата. Оставете да крчка на тивок оган.

Подгответе го остатокот од зеленчукот. Изрендајте ги морковите и главиците цвекло на крупно. Исечкајте ги зелката, кромидот и лукот.

Загрејте друго тенџере на средна температура и ставете 2 лажици растително масло во него. Додајте ги лукот и кромидот и гответе околу 3 минути со мешање, додека кромидот да стане бледожолт. Додајте ги морковите и уште масло ако зеленчукот изгледа сув. Гответе уште неколку минути, повремено мешајќи. Додајте ги цвеклото и доматното пире, добро промешајте и гответе 3-4 минути, повремено мешајќи. Посипете брашно и мелен црвен пипер врз зеленчукот и убаво промешајте.

Префрлете го зеленчукот во тенџерето со супата. Додајте го сокот од лимон и сол по вкус. Доведете ја супата до вриење и проверете ги компирите. Кога компирите ќе омекнат, додајте ја зелката и варете на тивок оган уште 10 минути. Повторно, не заборавајте во текот на процесот да ја отстраните кафеавата пена на површината.

Додајте ги сечканиот копар и младиот кромид, промешајте, доведете ја чорбата до вриење и исклучете ја ринглата. Оставете боршчот да „одмори" околу еден час и послужете го со кисела павлака и леб.

Состојки:
За говедската супа:

400 г говедски ребра (со коска)

700 г говедски врат

3-4 дафинови листа

сол

12 чаши вода (плус уште вода за да додавате додека испарува)

За боршчот:

2 големи компири (излупени)

1/2 средна зелка (без тврдите надворешни листови)

3 мали главици цвекло

6 чешниња лук, излупени и ситно сечкани

2 големи моркови, излупени

1 голема главица кромид, излупена и исечкана

свеж копар (китка), ситно сечкан

3-4 страка млад кромид, сечкан

3 лажички доматно пире

1 лажица брашно

1/8 лажичка мелен црвен пипер

3 лажици сок од лимон

околу 3-4 лажици растително масло

Објавено

Петок, Октомври 2, 2015 - 18:55

Коментари

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе