Вафли со тиква и ѓумбир

Приготвување:

Загрејте го апаратот за вафли.

Во голем сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво, циметот, ѓумбирот, морското оревче и солта.

Во друг сад убаво изматете ги јајцата и кафеавиот шеќер, а потоа додајте ги тиквата, млекото, медот и стопениот путер.

Измешајте ги двете смеси колку да се спојат (не претерувајте со мешање).

Премачкајте го апаратот за вафли со малку стопен путер и направете ги вафлите по стандардната постапка.

Послужете со прилог по избор.

Состојки:
3 чаши брашно

4 лажички прашок за печиво

2 лажички мелен цимет

2 лажички мелен ѓумбир

½ лажичка мелено морско оревче

½ лажичка сол

4 големи јајца

5 супени лажици темнокафеав шеќер

1 чаша пире од тиква

300 мл млеко

½ чаша мед

100 г путер, стопен, плус уште малку за премачкување

шлаг или свежо овошје за прилог

Објавено

Недела, Септември 8, 2019 - 09:18

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе