Тирамису-пудинг со банани

Приготвување:

Загрејте 1 л млеко во големо тенџере на средна температура додека да почне да испарува.

Во друг сад измешајте ги шеќерот, пченкарното брашно и 1/2 лажичка сол. Додајте ги жолчките и другите 100 мл млеко и убаво измешајте.

Додајте половина од врелото млеко во смесата со јајца и матете додека да стане еднолична смеса. Постепено, малку по малку, враќајте ја смесата со јајца во тенџерето со другата половина од врелото млеко.

Гответе на средна температура, постојано мешајќи, додека смесата да зоврие.

Откако ќе зоврие, продолжете да мешате на средна температура, додека да згусне како пудинг, 3 до 4 минути. Тргнете го тенџерето од рингла и во смесата додајте го маскарпонето, мешајќи додека не се растопи.

Пренесете ја смесата во сад, мешајќи неколку пати за да спречите одозгора да се формира „кожа". Поставете парче пластична фолија директно врз пудингот и ставете го фрижидер додека целосно да се олади и згусне, околу 2 часа.

По два часа извадете го студениот пудинг од фрижидер и енергично матете го додека да стане мазен и кремлив.

Во мал сад измешајте ги еспресото и ликерот од кафе. Во течноста натопете третина од бисквитите (по неколку секунди) и наредете ги во два слоја на дното на садот за послужување.

Врз нив истурете третина од пудингот. Со мала шпатула израмнете го пудингот на работ на садот.

Над пудингот рамномерно распоредете половина од крукчињата банани. Повторете ја постапката: уште два слоја натопени бисквити, уште третина од пудингот и останатите банани.

Најодозгора наредете ги останатите натопени бисквити, па останатиот пудинг. Директно врз пудингот ставете парче пластична фолија. Ставете го во фрижидер најмалку 4 часа или цела ноќ.

Пред сервирањето одозгора украсете со малку какао во прав.

Состојки:
- 1 л млеко плус 100 мл

- 200 г шеќер

- 40 г пченкарно брашно

- сол

- 5 големи жолчки од јајце, матени

- 500 г сирење маскарпоне, на собна температура

- 120 мл подготвено еспресо, на собна температура

- 3 лажици ликер од кафе

- 300 г кекси

- 6 зрели банани, исечени на крукчиња

- какао во прав за украс

Објавено

Среда, Ноември 2, 2016 - 23:28

Коментари

Спортските објекти што се изградени со буџетски пари не смеат да бидат извор за заработувачка што ќе заврши во приватни џебови, ниту пак инструмент за манипулација на граѓаните и ширење на клиентелизмот.

повеќе

Политичките кризи, регионалните тензии и влошувањето на демократијата покажуваат дека постои зголемен ризик од конфликт и нестабилност на Балканот.

повеќе

Колумната е објавена на 25 септември 2010 година во весникот „Време“.

повеќе