Кунефе

Приготвување:

Во тенџере зовријте ги водата и шеќерот, намалете ја температурата на средна и оставете да вријат уште 15-20 минути додека смесата да згусне. Исцедете го сокот од лимонот и додајте го во шербетот една минута пред да биде готов. Оставете да се олади.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Во сад убаво измешајте ги путерот и маџунот. Исечете го кадаифот на помали парчиња. Исечете ја и моцарелата на мали парчиња.

Во тепсија наредете половина од кадаифот и намачкајте го со смесата од путер и маџун. Врз него наредете ја моцарелата и попрскајте ја со мелени фстаци. Врз нив ставете ја другата половина од кадаифот и намачкајте ја со остатокот путер и маџун.

Печете околу 40 минути, додека да добие златна боја.

Полејте го врелото кунефе со млакиот шербет веднаш штом ќе го извадите од рерна. Оставете да го впие шербетот и послужете додека сè уште е врело, одозгора украсено со мелени фстаци.

Состојки:

600 мл вода

600 г шеќер

1 лажица путер

1 лажица маџун

250 г кадаиф

150 г моцарела

1 лимон

за украс: мелени фстаци

Објавено

Понеделник, Февруари 6, 2017 - 21:00

Коментари

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе