Крем од тиква со карамела

Приготвување:

За карамел-сосот:

Подгответе 6 керамички или стаклени садови за печење. Нема да имате време да ги спремате кога ќе се направи карамелата.

Ставете ги состојките за карамелата во студена тава. Ставете ја тавата на средно-висока температура и оставете да се згрее. НЕ МЕШАЈТЕ. Оставете сè заедно да се стопи и да почне да врие. Ако на рабовите на тавата почнуваат да се формираат шеќерни кристали, загребете ги со четка натопена во малку вода.

Додека сосот се загрева, повремено кревајте ја тавата и внимателно вртете ја за да се измеша сосот. По околу 8 до 10 минути, тој ќе почне да добива боја. Откако ќе добие темна, богата килибарна боја, тргнете го од рингла. Брзо и внимателно, распоредете ја карамелата рамномерно на дното на секој сад за печење. Оставете да се излади и да се зацврсти.

Во меѓувреме, ставете ја решетката во рерната на најдолното ниво. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во бокал ставете вода да зоврие и подгответе висока тава доволно голема за да ги собере сите садови за печење.

За кремот:

Во блендер истурете малку од кондензираното млеко, целото засладено кондензирано млеко, тиквата, зачините и ванилата. Мелете додека не се изедначи.

Во друг сад ставете 3 јајца и додајте уште 2 жолчки од јајце. Нежно матете за јајцата да станат рамномерна смеса, но внимавајте да не се создаваат воздушни меури. Додајте го остатокот од кондензираното млеко. Со лажица соберете ги сите преостанати меурчиња од смесата во блендерот и додајте ја кај јајцата.

Сега кога сè е во еден сад, истурете ја течноста низ цедилка или филтер во друг, празен сад. Внимавајте додека претурате за да се избегне создавање меури. Повторете ја постапката, овојпат враќајќи ја течноста во првичниот сад. Продолжете да ја цедите течноста 3 или 4 пати за да стане мазна.

Внимателно прелејте ја течноста во садовите за печење (карамелата мора да биде стврдната), да бидат полни околу 1/2 до 2/3. Ставете ја тавата во загреана рерна и сместете ги садовите за печење во неа. Секој сад цврсто покријте го со фолија, а потоа истурете ја врелата вода во тавата до половина од висината на садовите. Печете околу 35 минути.

Оладете ги садовите, а потоа префрлете ги во фрижидер најмалку 2 часа за целосно да се оладат.

За да послужите, со тенок нож поминете по страните на садовите и превртете ги врз садови за послужување.

Состојки:

За карамел-сосот:

  • 200 г шеќер
  • 1/4 лажичка сок од лимон
  • 2 лажици шеќер стопени во 100 мл врела вода

За кремот:

  • 350 мл кондензирано млеко
  • 400 мл засладено кондензирано млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 400 г пире од тиква, или повеќе по вкус
  • прстофат цимет, или повеќе по вкус (по желба)
  • прстофат мелено каранфилче, или повеќе по вкус (по желба)
  • 1/2 лажичка мелен ѓумбир или рендан свеж ѓумбир, вкус (по желба)
  • 3 цели јајца
  • 2 жолчки од јајце
 

Објавено

Сабота, Октомври 15, 2016 - 10:37

Коментари

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе