Италијански крем-колачиња

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тава со калапчиња за колачи во секој отвор ставете по едно хартиено калапче.

Со електричен миксер изматете ги белките од јајцата додека да се стврднат. Во друг сад ставете ги путерот, растителното масло и шеќерот и матете ги со миксерот додека да добијат светла боја. Додајте ги жолчките од јајцата и ванилата, па матете додека не се изедначи смесата. Додајте ги кокосовите снегулки и пак матете додека да се искомбинираат.

Во посебен сад измешајте ги брашното, сода бикарбоната и прашокот за печиво, а потоа наизменично додавајте од јогуртот во смесата со брашно, матејќи неколку секунди по секое додавање. Додајте ги белките и со гумена шпатула промешајте ги со тестото. Ставете го тестото во калапчињата, печете 13-14 минути, или додека на врвот да добијат светлокафена боја. Извадете ги од рерна и оставете ги целосно да се изладат.

За филот, изматете ги путерот и маскарпонето додека да се изедначи смесата, а потоа просејте го шеќерот во прав и мешајте додека да се искомбинираат. Додајте ја ванилата и измешајте. Додајте ги кокосот и бадемите, но зачувајте малку бадеми за украс. Убаво измешајте ја смесата додека целата да се изедначи.

Оладете ги колачите, а потоа одозгора ставете од филот и по малку сечкани бадеми. Чувајте ги во фрижидер ако не ги служите веднаш (филот ќе омекне на собна температура).

Состојки:
  • 5 цели јајца, одделени
  • 120 г путер, омекнат
  • 250 мл растително масло
  • 200 г шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 100 г засладени кокосови снегулки
  • 240 г брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 чаша јогурт
  • За филот:
  • 450 г сирење маскарпоне, омекнато
  • 120 г путер, омекнат
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 900 г шеќер во прав
  • 100 г ситно сечкани бадеми
  • 1 чаша засладени кокосови снегулки

Објавено

Вторник, Април 25, 2017 - 23:27

Коментари

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе