Чоколадни колачиња со маскарпоне

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тавата за печење со мрсна хартија.

Измешајте ги брашното, какаото во прав, прашокот за печиво, сода бикарбоната и солта. Ставете ги на страна.

Во друг сад со миксер изматете ги шеќерот и крем сирењето. Матете на средна брзина околу 2 минути. Додајте ги јајцето, маслото и ванилата. Матете додека смесата да се изедначи.

Додајте ги сувите состојки кај влажните состојки. Матете додека не добиете изедначена смеса. Додајте ја искршената чоколада и промешајте.

Со лажица земајте од тестото и редете во тавата оставајќи околу 5 сантиметри помеѓу секое колаче.

Печете 9-11 минути, или додека да се испечат. Внимавајте да не ги препечете.

Извадете ги од рерната и оставете ги целосно да се оладат.

Состојки:
220 г брашно

100 г какао во прав

1 лажичка прашок за печиво

1/2 лажичка сода бикарбона

1/2 лажичка сол

2 чаши шеќер

200 г маскарпоне или друго крем сирење, омекнато

1 големо јајце

7 лажици масло

1 лажичка екстракт од ванила

200 г искршена чоколада

Објавено

Петок, Февруари 21, 2020 - 21:31

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе