Чоколадна карамел-торта со сол

Приготвување:

Смелете ги колачињата „орео“ во блендер. Трошките мешајте ги со 120 г стопен путер сè додека не станат рамномерно масни. Истурете ја смесата во калап за торта и со помош на чаша со рамно дно притискајте ја на дното и на страните за еднакво да се распореди. Ставете го калапот 10 минути во замрзнувач.

Во мало тенџере измешајте ги останатите 120 г путер со кафеавиот шеќер. Гответе на средна температура, постојано мешајќи, додека смесата да почне да пушта меурчиња. Продолжете да готвите, постојано мешајќи, уште 1 минута. Тргнете го од рингла. Полека додавајте 60 мл слатка хопла и мешајте додека да се изедначи смесата. Оставете ја карамелата да се олади околу 15 минути. Истурете ја карамелата врз подлогата од „орео“, а потоа вратете го калапот во замрзнувач на околу 30-45 минути додека само да се олади и зацврсти. (Не треба карамелата целосно да замрзне.)

Ставете ги парчињата чоколада во стаклен сад. Во тенџере ставете ги останатите 240 мл слатка хопла и доведете ја до пред вриење на средно висока температура. Прелејте ја жешката хопла врз парчињата чоколада и оставете ги така 5 минути, а потоа брзо матете додека смесата целосно да се изедначи. Полејте ја чоколадата врз карамелата и ставете го калапот во замрзнувач уште само 30 минути, додека да се олади и зацврсти. (Или ставете го во обичен фрижидер, покриен, додека не биде подготвен за послужување.) Пред послужувањето, одозгора наросете трошки морска сол.

Чувајте го колачот во фрижидер покриен и служете го разладен.

Состојки:
  • 36 колачиња „орео“
  • 240 г путер, поделени
  • 140 г кафеав шеќер
  • 300 г слатка хопла, поделена
  • 350 г темна чоколада на парчиња

Објавено

Среда, Јануари 11, 2017 - 23:11

Коментари

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе

Во ситуација кога политичките опции се толку спротивставени, останува да се формира едно тело/одбор составено од врвни, независни и непристрасни луѓе.

повеќе

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе