Чоколаден колач во шолја

Приготвување:

Во чаша од 400 мл погодна за во микробранова печка ставете ги брашното, шеќерот, какаото во прав, прашокот за печиво и солта. Промешајте со виљушка.

Додајте ги млекото, маслото и ванилата и мешајте додека смесата да се изедначи. Додајте ги парчињата чоколада.

Ставете ја шолјата во микробранова печка 90 секунди, а потоа оставете го колачот да отстои минута и пол до две пред јадење. Послужете со шлаг или сладолед од ванила.

Состојки:
3 лажици брашно

3 лажици шеќер

2 лажици какао во прав

1/4 лажичка прашок за печиво

прстофат сол

3 лажици млеко

3 лажици масло

1 лажиче екстракт од ванила

3 лажици парченца чоколада за готвење

Објавено

Вторник, Февруари 18, 2020 - 09:58

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе