Чизкејк со путер од кикиритки

Приготвување:

Наместете ја решетката на рерната на долната позиција и вклучете ја рерната на 180 степени.

Во блендер за храна смелете ги колачињата „орео“ на ситни трошки. Измешајте ги трошките со стопениот путер. Истурете ја смесата во калап за торта и со помош на чаша со рамно дно притискајте ја на дното и на страните за еднакво да се распореди.

Одоздола и околу надворешните ѕидови обвиткајте го калапот со алуминиумска фолија. Печете ја кората 7-8 минути. Оставете малку да се олади додека го подготвувате филот.

Со миксер изматете ги крем сирењето и шеќерот на средна брзина - околу 3 минути, додека смесата не биде мазна и кремаста. Додајте ги павлаката, путерот од кикиритки и ванилата и убаво изматете. На мала брзина додавајте ги јајцата едно по едно, матејќи по секое додавање. Не матете предолго откако ќе ги додадете јајцата. Додајте 3/4 од скршените чоколадни бонбони и нежно промешајте ги во филот (другите ќе бидат за украсување на готовиот чизкејк).

Истурете го филот врз оладената кора. Ставете го калапот за торта во голема тава за печење и ставете ја во рерната. Наполнете ја долната тава со околу 1 сантиметар топла вода. Фолијата завиткана околу тавата ќе спречи водата да пробие во калапот.

Печете 50-60 минути или додека да се испече и средината на тортата. Исклучете ја рерната и малку подотворете ја вратата на рерната. Оставете го така чизкејкот во рерната 1 час. Извадете го од рерната и оставете целосно да се излади на собна температура. Ставете го фрижидер најмалку 6 часа или (најубаво) преку ноќ.

Олабавете ги страните на калапот и извадете ги. Украсете ја тортата одозгора со сечканите чоколадни колачиња и попрскајте ја со стопен путер од кикиритки.

Исечете ја на парчиња и сервирајте ја студена. Покријте го остатокот од чизкејкот и чувајте го во фрижидер до 4 дена.

Состојки:

18 колачиња „орео“

60 г несолен путер

700 г полномасно крем сирење (маскарпоне), омекнато на собна температура

200 г шеќер

200 г кисела павлака, на собна температура

130 г кремлив путер од кикиритки

2 лажички чист екстракт од ванила

3 големи јајца, на собна температура

какви било чоколадни бонбони со путер од кикиритки, сечкани

малку стопен путер од кикиритки за украс

Објавено

Петок, Август 7, 2020 - 18:38

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе