Чајни колачиња со чоколада и марципан

Приготвување:

За марципанот:

Во мал сад измешајте ги мелените бадеми и шеќерот во прав.

Додајте ги белката од јајце и бадемовиот екстракт (зачувајте ја жолчката зашто ќе ви треба подоцна за тестото.)

Измешајте ги убаво за да се формира тврдо тесто.

За чоколадното тесто:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

Намачкајте 12 калапи за колачиња со малку путер.

Во мало тенџере на ниска температура стопете го солениот путер.

Тргнете го од рингла и додајте му ја сечканата чоколада, добро промешајте додека смесата да се изедначи и целата чоколада да се стопи и оставете го настрана да се олади.

Во голем сад со електричен миксер убаво изматете ги двете јајца и жолчката од третото јајце.

Постепено додавајте ги белиот и кафеавиот шеќери и продолжете да матите додека смесата да стане многу густа и светла.

Со голема метална лажица полека додајте ги мелените бадеми и брашното и размешајте. На крај додајте ја оладената смеса од чоколада и промешајте колку да се спојат.

Со лажица полнете ги калапите до половина со тестото, а потоа во средината на тестото во секое калапче ставете по едно лажиче од смесата од марципан.

Врз марципанот додајте уште малку од чоколадното тесто и печете 15-20 минути, или додека чепкалката прободена во средината да излезе чиста.

Кога ќе се оладат колачињата, попрскајте ги со малку шеќер во прав, по желба.

Состојки:

За марципанот:

70 грама мелени бадеми

50 грама шеќер во прав

1 белка од јајце

1 лажичка бадемов екстракт

За чоколадното тесто:

малку несолен путер за мачкање на калапчињата

100 грама солен путер

100 грама чоколада за готвење, сечкана

2 цели јајца

1 жолчка од јајце

50 грама бел шеќер

50 грама кафеав шеќер

70 грама мелени бадеми

3 лажици брашно

Објавено

Четврток, Септември 12, 2013 - 20:17

Коментари

Македонскиот образовен систем од реформа до реформа оди од лошо во полошо. Институциите кои се должни да го надградуваат и подобруваат системот, да ги зголемуваат капацитетите на образовниот процес, немаат никаква намера да си ја исполнат улогата.

повеќе

Во документот на Меѓународната кризна група (МКГ) од 2012 година се потврдува дека „грчките барања немаат основа во меѓународното право". Но, во истиот извештај се зборува за легитимни „грижи" на грчката страна и се предлага билатерално име.

повеќе

Дипломатијата е значајна служба на секоја одговорна земја. Во нашиов случај, кога сме меѓународно оспорени, МНР мора да биде најфорсирана институција.

повеќе