вторник, 23 април 2024

Комшике убава: Аделина Тафа

Објавено на

часот

Сподели

 


Аделина е родена во Струга, каде што ги завршила основното и средното образование, па оттаму заминала на студии во Тетово. Завршила право на Универзитетот на југоисточна Европа, а по дипломските се вратила во родниот град каде што почнала да работи како правник во нотарска канцеларија.
„Струга е мал град и не дава можности за унапредување, затоа одлучив да се преселам во Скопје. Се вработив во Собранието на РМ, како советник. Во почетокот ми беше тешко, сè беше ново за мене, околината, дури и друштвото. Но како личност сум многу дружељубива, комуникативна и приспособлива, па успеав да се снајдам. Сега сум во Скопје трета година и веќе се навикнав на градот“, вели Аделина.


Смета дека многу повеќе треба да вложи труд за да успее, но и верува дека со многу работа може да си ја постигне целта.
„Доаѓам од градот на поезијата, уметничка душа сум, ги сакам сите уметности, но за жал не пишувам. Мојот омилен поет е Пабло Неруда, а омилена поезија ми е неговата ‘Ако ме заборавиш’”, вели Аделина.
Го сака спортот, ама не спортува.
„Ги гледам речиси сите спортови на телевизија, а особено сакам да гледам фудбал. Навивач сум за „Милан“ и не пропуштам ниеден нивен натпревар. Навивањето ме ослободува од секојдневните стресови, обврски и ми дава душа. Мојата листа на омилени фудбалери е долга, но сепак би го издвоила Кака“.


Би патувала на егзотични места, авантуристка е, сака да открива нови култури.
А што се однесува до линијата, диета не држи никогаш, но пешачи многу, а преку лето сака да плива.
„Љубов? Таа е животот, нема точна дефиниција за љубов. Љубовта е најголемиот дар од Бога. Аристотел рекол, љубовта е составена од една душа што живее во две тела“, објаснува Аделина за љубовта.
Никогаш не помислила да стане модел. Македонија има многу убави манекенки што со труд и работа би можеле да успеат и во светот, смета таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ