Зошто носителите на јавни функции се високо ризични клиенти?

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

Според измените во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година, како носители на јавни функции повторно се резиденти на кои им е или им била доверена определена јавна функција.

Доколку некој клиент на финансиската институција е носителите на определена јавна функција која што е предвидена со закон истиот е карактеризиран како клиент со висок ризик.

Носителите на јавни функции претставуваат ризик кога станува збор за перење пари заради нивниот социјален статус. Овој статус значи дека институциите ги гледаат како клиенти со поголем ризик заради нивната положба и влијание со која што имаат можност својата позиција да ја злоупотребат заради остварување на незаконски средства. Сите носители на јавни функции имаат можност да се вклучат во корумпирани практики до одреден степен, но оние кои имаат значителен авторитет над државните средства и фондови, политики и операции и сите други јавни расходи можат да имаат дополнителни можности. Нивната ранливост од корупција варира во зависност од нивото на моќ. Тие се во единствена позиција на влијание, нешто што некои за жал избираат да го искористат.

Согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како носители на јавни функции и лица со зголемен ризик покрај функционерите се и членовите на семејствата како и блиските бизнис соработници. Овие лица се сметаат за високоризични и носители на јавна функција поради својата блискост со функционерот и отворената можност за пристап до информации кои што тој ги има а со кои што ќе може да се пристапи до одредени тендери, бизниси и сл.

Во светот се развиени „интелегенти” системи кои што имаат информации и новости за носителите на јавни функции, меѓутоа вработените во институциите мора да прават и дополнителни истражувања се со цел прибирање на што по целосни информации за откривање на сите лица носители на јавна функција.

Историски гледано, терминот „носител на јавна функција” во светот се појавува кон крајот на 90-тите години, по еден скандал за перење пари во Нигерија, каде што националниот воен директор, пренел околу 5 милијарди фунти од националните фондови на банкарски сметки за негова лична употреба. Позицијата која што ја имал му овозможувала голема моќ а тоа значело дека можел да се здобие со големи суми на пари без притоа никој да се сомнева во нешто пред да биде предоцна. Иако дел од парите потоа биле вратени, поголемиот дел никогаш не завршиле повторно во касата на државата. Почнувајќи од овој случај на светско ниво почнуваат да се прават напори за спречување на злоупотребата на финансискиот систем од страна на политичарите т.е носителите на јавни функции.

Зголемениот ризик од перење пари кај функционерите предвидува обврски на финансиските институции со кои што ќе мора да се добие одобрение од високото раководство за воспоставување или продолжување на деловниот однос, да се врши засилено следење на деловниот однос како и утврдување на изворот на средствата и изворот на имотот на клиентот – носител на јавна функција.

Честопати слушаме вести за владини службеници насекаде низ светот кои се поврзуваат со некаков вид финансиски криминал, како што е проневера, земање мито или корупција. Меѓутоа иако многу релеванти светски институции се вклучени во борбата против корупцијата и во голем број на земји се воведени законски решенија за носителите на јавни функции, сепак многу малку од функционерите кои што се сомничат за присвојување нелегални средства имаат добиено судски одлуки.

 Христијан Блажовски – специјалист за спречување перење пари

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе