За Бугарија без политика

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

И едните и другите знаат дека до 1990 година Бугарија беше под директна контрола на строгиот комунистички режим на СССР, а Македонија дел од југословенската федерација.

И едните и другите знаат дека Македонците имаа пасош на СФРЈ со кој слободно, без виза се движеа по целиот свет, а на Бугарите им требаше посебна дозвола да отидат од еден до  друг град  во сопствената држава.

И едните и другите знаат дека Македонците ги уживаа сите придобивки на светската економија, а Бугарите трагедијата на СССР економијата.

И едните и другите знаат дека во Бугарија секој втор граѓанин беше шпион на државните служби, а во Македонија тоа беше секој илјадити граѓанин.

И едните и другите знаат дека во Македонија живееја слободни граѓани, според модерни светски стандарди, а во Бугарија строго контролирани граѓани, кои кубуреа со основните животни потреби.

Сето тоа и уште илјада други работи, во периодот до почетокот на деведесетите години на минатиот век, направија Бугарите да доживеат огромни фрустрации и комплекс на помала вредност кон Македонците.

После 1992 година работите полека почнаа да се менуваат и Бугарија чекор по чекор почна да ја осознава реалноста на животот, надвор од комунистичкиот режим на СССР.

Македонија во 1993 година ги исполнуваше сите услови  да се придружи кон семејството на европските држави, но поради неспособност на тогашното раководство, тоа не се случи. Од друга страна Бугарија со политичка одлука на западните земји беше внесена во Европската заедница, без притоа  да исполнува ни минимум од потребните критериуми.

Политичарите што денес ја водат Бугарија, се луѓето родени пред 1980 година и добро ги знаат сите овие работи. За жал, со себе сеуште ги носат фрустрациите и комплексите од тоа време. Денес, тие лични фрустрации и комплекси сакаат да си ги лечат преку неразумната политика што ја спроведуваат спрема Македонија. И тука прават грешка, грешка со штетни последици по нив.  Тие не можат да сфатат дека фрустрациите и комплексите не се лечат со сила. Тие се лечат со соочување со  минатото и со вистината, без разлика колку мачна таа била.

Од друга страна, односите помеѓу граѓаните на двете држави се базираат на взаемно почитување  и соработка и затоа не постои политичар, колку и да е исфрустриран или искомплексиран, кој може тие релации да ги наруши или сруши.

За оваа да  го напишам, ме поттикна вистината дека во Бугарија има Македонци од Македонија, кои таму живеат и работат со години, а немаат бугарски пасош, како братот на мојот добар другар   во борбата за здрава и чиста животна средина. И тој е роден пред 1980 година.

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе