Владата се плаши да го отвори прашањето за бугарските пасоши

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

Бугарските политичари и медиуми веќе почнаа да ги отвораат прашањата за тоа зошто и 100-те илјади „македонски Бугари“ кои имаат бугарска патна исправа не се во Уставот, зошто и бугарскиот јазик не се изучува во македонското основно образование, дека во пописните документи мора да има и графа „Бугари“... Веќе се основа и политичка партија која ги брани сите овие позиции. Ова е сѐ дел на една подолгорочна бугарска политика која во актуелните преговори на Македонија за членство во ЕУ едноставно почна да излегува на површина. А македонската власт за сето ова  молчи за дополнително да не долева оган во ионака затегнатите односи со Бугарија токму поради нивната блокада на преговорите на Македонија за членство со ЕУ.

Културниот центар „Иван Михаилов“ од Битола неодамна испрати барање до бугарскиот претседател Румен Радев, до бугарскиот премиер Бојко Борисов и до вицепремиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов секој граѓанин на Македонија, кој ќе приложи фотокопија од формуларот и кој ќе докаже дека на претстојниот попис се декларирал како „македонски Бугарин“, да добие бугарско државјанство по скратена постапка.

И бугарскиот претседател Румен Радев побара одговор од институциите во Македонија и Бугарија за сигналите добиени од етничките Бугари во Македонија, за проблемите со кои се соочуваат.

„Бугарите во Република Македонија мора да имаат еднакви права со оние на другите граѓани на земјата во согласност со највисоките светски и европски стандарди. Овој основен принцип на демократија е вграден во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година“, изјави неодамна Радев.

На сите, и во Бугарија и во Македонија им е јасен мотивот на големото мнозинство на македонските граѓани кои аплицирале и добиле бугарски пасош. Откако Бугарија стана членка на ЕУ (2007), бугарскиот пасош веднаш стана барана стока во регионот. Политиката на Бугарија да ги привлекуваат Македонците да станат Бугари стана и вносен бизнис за поединци од бугарската администрација кои посредуваа во целата оваа процедура. Лесно се доаѓаше до бугарски пасош со стотина евра и изјава дека имаш роднини Бугари. Сѐ друго беше работа на посредниците и корумпираните бугарски политичари за што пред неколку години и отворено се проговори во Бугарија, но брзо и се затвори. А Македонците, во потрага по подобар живот и работа полесно се снаоѓаа во потрага по рабита во земјите членки на ЕУ. Мнозинството од нив никогаш и не помислиле дека некој некогаш оваа нивна социјална демензија ќе ја претвори во сериозно политичко условување, оформено дури и со блокада на евроинтеграцијата на Македонија.

Но, за македонските власти и натаму политиката на потчинетост, полтронство, заврти го и другот образ останува константа кога станува збор за членството во НАТО и ЕУ и по цена на сопственото достоинство и интегритет. И во овој случај нема никаква реакција од македонското МНР за да не ги налути колегите од бугарската страна во актуелните преговори за надминување на отворените прашања со Софија. А тие, бугарската страна, слободно и непречено нека си води класична антимакедонска кампања.

Александар Стојановски, Брисел

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе