Вистината за Македонија

Ние самите ја изигравме замислена партијата покер на демократската ЕУ, си ја оставивме државата без народ.

Молчењето е мајка на знаењето-кажуваат постарите, но во време на наплив на црпки ако молчиш се соживуваш со црпките-стануваш црпка...

Се навраќам наназад во време на осамостојувањето на нашава држава, во време кога  големите „демократски” играчи се договорија по разнебитувањето на Југославија да се создаде држава, да се исполнат вековните стремежи на еден народ да создаде своја  држава - Македонија. Но, истите тие не дозволија името на таа држава да го носи  името на народот. Таа држава за воља на вистината до ден денешен се вика ФИРОМ.

Во светската политика нема ништо случајно, политичарите се како искусни покер играчи кои играат со огромна сума и без лимит. Тие однапред ја разработуваат својата игра, а во нивната игра ние сме играч кој сѐ уште игра со зареви или секојдневна колатерална штета...

Повеќе години ни се кажува дека не ги исполнуваме критериумите за влез во демократското семејство – ЕУ. Никогаш и нема да бидеме дел од таа демократија од едноставни причини што истите тие ни го испланирале крајот дури од самото осамостојување. Многу вешто и подмолно изиграа – нѐ признаа, а полека нѐ оставија самите да се уништиме, да се разнебитиме - да нѐ снема како народ, а држава која нема народ не може да биде ни држава.

Сѐ започнува од благосостојбата во едно семејство, а нашава држава е едно големо семејство кое се бори за подобар живот. Да се разбереме секој сака да живее подобро, па и ние. Но тука веќе сакале или не влегуваме во замката на ЕУ. Во потрага по подобар живот се откажуваме од својот идентитет. Бугарија како соседна земја од поодамна е членка во ЕУ, а дел од нашиот народ, во потрага по подобро утро се откажа од својот вековен идентитет и се приклони кон бугарскиот етникум. Според неофицијални податоци станува збор за 250 до 300 илјади Македонци.

Да не нѐ чуди дека во скоро време и Србија ќе биде составен дел од ЕУ. Оставам на вас самите да процените колку Македонци ќе се откажат од својот идентитет за да земат српско државјанство и да заминат по белиот свет во потрага по подобро утро.

И што се случува сега? Ние самите ја изигравме замислена партијата покер на демократската ЕУ, си ја оставивме државата без народ. Некој ќе рече па не сме сите раселени, тука сме! Да тука сме, нѐ има – но како Бугари и Срби.

Низ историјата оттсекогаш се кршеле копјата за ова парче земја. Некои кажуваа дека Балканот е буре барут, други дека Балканот е иницијална каписла, а Европа е бурето. Бидејќи Европа не сака да биде буре барут кое би експлодирало од некоја „каписла” како искусен минер ја отстранува капислата – Македонија...

   Дончо Мишовски

    

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе