Решение за енергетската криза

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

Деновиве во медиумите се појавија написи за тоа колкава површина со соларни панели би ги задоволила целосните потреби на Македонија од електрична енергија. Според сајтот Фајндер (FINDER) на Македонија ѝ се потребни 160 км2 површина. За споредба, тоа е површина на само 5 рудника со отворен коп за бакар или злато.
Во прилог на оваа прашање еве неколку конкретни податоци.
Македонија на годишно ниво троши околу 7.200 GW часови електрична енергија, од кои  70% од сопствено прозиводство и 30% од увоз. Домашното производство се базира на производството на електрична енергија од РЕК Битола  (околу 4.500 GW часови годишно). Кога ќе се затвори РЕК Битола, домашното производство на електрична енергија ќе задоволува само 15 % од вкупните потреби. Останатите 85% ќе биде увоз на скапа електрична енергија.
Македонија, за да ги задоволи во целост своите потреби од електрична енергија, треба да инсталира фотоволтаични панели со снага од 4.400  MW,  за кои е потребна вкупна површина (со пропратни објекти) од 9.000 хектари,односно  90 км2.
За споредба, Грција има инсталирано фотоволтаични панели со вкупна снага од  2.442 MW од кои добива 4.000 GW часови електрична енергија на годишно ниво. 
Вредноста на вкупната инвестиција би била 2,4 милјарди евра.
Таков фотоволтаичен систем, заедно со постојните хидроцентрали кои прозиведуваат околу 800 GW часови електрична енргија годишно и изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, кои би произведувале дополнителни  1.000 GW часови годишно, Македонија ќе ги задоволи сопствените потреби од електрична енергија до 2040 година (според прогнозите на МЕПСО). 
За изградба на Чебрен и Галиште се потребни дополнителни 500 милиони евра.
Со други зборови со инвестиција од 2,9 милијарди евра, Македонија станува енергетски независна земја на долгорочен план, станува првата земја во светот која користи 100% обновливи извори на енргија, станува атрактивна за инвеститорите и нуди благосостојба на граѓаните. Енергетската независност е клуч на опстанокот на секоја држава во 21 век.
За да се реализира ваков инвестициски проект во енергетиката потребно е  Македонија да подигне  кредит во износ од 3 милијарди евра, со рок на отплата  на период од 20 години и со каматна стапка од 1 %. Во тој случај отплатата на кредитот ќе биде  по 166  милони евра на годишно ниво. Тоа претставува само 3,7% од буџетот на Владата на Република Македонија. Но, овој кредит нема да влијае на буџетот на државата бидејќи потрошената  електрична енергија, стопанството и граѓaните ќе си ја плаќаат, а државата е само носител на целиот проект. За вакви проекти не е исклучена и формата на јавно приватно партнерство. 
Ако знаеме дека за покривање на потребите од елктрична енергија само за наредните два до три месеци ќе потрошиме 60 милиони евра, а во исто време на годишно ниво се исплаќаат субвенции на мали електрани во износ од над 30 милиони евра, станува јасно дека за ова прашање или никој не размислува или во прашање се некои други матни бизниси и интереси.
Се наметнува прашањето, дали има пилот во авионот наречен Македонија.
Ангел Наков
 
П.С. Овој текст не навлегува во стручни анализи поврзани со фотоволтаичните системи како што се  балансирање на преносната и дистрибутивната мрежа, задоволување на потребите на електрична енергија во ноќните часови, балансирање на различните нивоа на потрошувачка во зимскиот и во летниот период, користење на вишокот на елетрична енергија за реверзибилни хидроелектрични централи и слично, бидејќи тоа се технички прашања за кои постои вообичаена светска пракса.
 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе