Нимиц нешто ни порача, но никој не го разбра

Нашиве политичари, дипломати, политиколози и правници, како да ја пропуштиле лекцијата од СУВЕРЕНОСТ и суверени права.

По приговорот на Бил Николов и Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто поврзано со името, посредникот на ОН Метју Нимиц јасно одговори - „Неофицијално - ако бев Македонец, немаше да преговарам за моето име“.

Не знам зошто, нашите политичари ова не го разбраа како некаква порака. Нимиц всушност ни кажа дека идентитетот на етничките групи не е предмет на преговори, бидејќи Обединетите Нации имаат работа само со суверени држави, а тој во Скопје не носи нов предлог за името.

Се работи значи за правата на државите, како што тој правилно вели, а не за човековите колективни права.

Но, дотолку повеќе, кога се работи за суверените права на државите, уште повеќе важи принципот дека никој од страна не може да се меша во сувереното право на една земја самостојно да избира државно име, и воопшто да има име, како елемент од државно-правниот субјективитет. Од оваа гледна точка, преговорите се беспредметни и не може да постои спор за ваквото суверено право.

Со преговорите за државното суверено име, нашиве политичари и дипломати повеќе од 25 години се срамат и покажуваат елементарната правна и политичка неписменост!

Кога велиме сувереност, тоа не значи само највисока власт над својата државна територија, неприкосновена, неделива, непренослива, односно неотуѓива, туку подразбира НЕЗАВИСНОСТ, политичка и правна од надворешно влијание! Ова подрзбира немешање во СТРОГАТА ВНАТРЕШНА ЈУРИСДИКЦИЈА и немешање во водењето внатрешна и надворешна политика и посебно неинтереферирање во основните правни капацитети на државата, како внатрешно правна и меѓународно-правна личност!

За жал, нашиве политичари, дипломати, политиколози и правници, како да ја пропуштиле лекцијата од СУВЕРЕНОСТ и суверени права, кога полагале испит на Правен факултет или сродна високошколска институција.

Игор Јанев

(Авторот е професор по меѓународно право на Институтот за политички студии во Белград) 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе