Незнаењето е единствениот порок (Албер Ками)

(Полемика: „Додека го чекаме Самарас“ , Ерол Ризаов, 11 јули, Утрински весник)

Во поднаслов на својата колумна г. Ерол Ризаов вели: „Словенскиот карактер на современата македонска нација и јазик е главната основа за заедничко прифатливо решение со Грција“.

Тоа е вистината. Но, не е вистина дека Античките Македоnци не биле Словени пред да се ородат, со сила или со пристанок, со Античките Хелени. Забуна сториле во Македонија двајцата македонски академци кои пишуваат и зборуваат за Античките Македонци како да не биле Словeни. Не ја знаат научната вистина, а таа е дека Словените не се доселиле на Балканот во шестиот век, туку се први цивилизиран народ во Европа. Ова го знаат сите релевантни научни институции во христијанските земји, освен aкадемиcите во Македонија и Србија, а веројатно и во Бугарија, можеби затоа што немаат пари. Сепак би кажал дека не се само парите проблем. Тоа го знае и академикот проф. др Србољуб Живановиќ, антрополог, директор на Европскиот институт за истражување на древни Словени во Лондон. Тој во интервју што го даде за НИН во ноември 2006, меѓу другото рече:„Ние сме тука барем десет илјади години“. Таквото  сознанiе го има и во енцикпопедијата Британика, поради што во ТВ емисијата на BBC во 2008 годina натпреварувачот во знаење ја загуби предходно освоената парична награда, затоа што не ја знаеше вистината дека Александар Македонски не бил Грк туку Македонец.

Инаку, првпат, службено името Словен го спомнал во своето писмо византискиот цар и „историчар“ Профирогенит. А тоа е време кога Германитe и Норманите, кои се најблизок род со Словените, можеле да ја прилагодувaат историјта и да ги кријат трагите на вистината дека првото цивилизирано население на европскиот континент биле словенските предци во науката познати како Венети. Нивното писмо е најстарото писмо во светот досега откриено. Како доказ треба да се користат трудовите на археологот Марија Гимбутас (Калифорнија, САД), како и трудовите на покојниот професор на универзитетите во Милано и Виена, Радивоје Пешиќ, којшто го дешифрирал „винчанското писмо“.

Политичкиот проблем пред светот го прават некои македонски интелектулаци и со тоа застанале на страната на Грција, а против својата земја. Тие се речиси сите поранешни членови на СКМ, а поради менталната инерција и симпатизери на СДСМ, сметајќи ја за левица. Но, народот без помош на интелектуалната елита сам увиде дека лидерот на таа паратија е типичен властољубец, а не автентичен комунист каков шти бил првиот со таква идеја - Исус од Назарет. Заради вистината: првите заедници на христјанските верници знаеле за христјанските општини, во кои сопственоста била заедничка. Во тие заедници взаемната економска помош и поддршката (`комунизам од љубов`, како што тоа го вели Harmack), имале многу важна улога.

Затоа се согласувам со професорот Саздовски, кој инаку беше левичар, кога во една пригода јавно кажа: „Не е СДСМ левица, туку е тоа ВМРО-ДПМНЕ, кога е во прашање заштитата на загрозениот дел од народот“.

Токму опозицијата заедно со поголемот дел од интелектуалната елита, меѓу која и г. Ерол Ризаов,  еден од најангажираните, е против „антиквизацијата на Македонија“. Поради незнеањето тие така го нарекуваат подигањето на монументални споменици на Александар Македонски и неговиот татко Филип, освојувач на античките полиси-држави, кога се испомешале гените на македонските Словени и Хелените, па така денес се знае дека Македонците се 5% од феничанската припадност, 15 % хеленска, 20 % тевтонска, 30 % античка и 15% останата пирпадност.

А зошто Грција, поддржувана од влијателните сили од Запад, се прави како да не ја знае виситината? Па затоа што британската имерија, поддржана од Франција и Германија, застанала на страна на Турција во 1877/78 кога ја нападнала Русија со намера да ја избрка од Балканот, односно да го ослободи седиштето на православието, Константинопол, наречен Истамбул. Тогаш останало во сопственост на Турција голем дел од античкото крајбрежје, наместо да и се врати на Грција. За да се надополни загубата на Грција, по Балканската војна истите сили ја дале 51% македонската територија, позната како Егејска. Сигурен сум дека г. Е. Ризаов знае кој го бомбардирал со напалм бомби македонското население и нивните живеалишта во Егејска Македонија.Токму тие сили сега се радуваат што голем број влијателни Македонци стојат сега на нивнта страна, а со намера да ја задоволат Грција - да не постои друго име за Македонија и Македонците освен она во грчкиот дел на Македонија.

Се надевам дека влијателниот колумнист знае дека ваквата состојба не им пречи на Албанците, дури ни на тие во Македонија, бидејќи тие ја водат истата политика на Балканот. Моежби г. Ризаов не знае дека вториот град после Тирана со албанското население е Атина. А со оглед дека Грците се културолошки слични на Србите - многу се перчат, српски кажано курчат - не знаат дека Албанците во Грција никогаш нема да станат Грци, како што тоа станаа голем број Македонци и како што Албанците не станале Срби во Србија. За мудрите нема потреба повеќе да кажам за да сфатат во кој правец ке се одвиваат случувањата понатака.

Колумнистот и неговите истомисленици работат на тоа власта да го изгуби кредибилтетот што го има ВМРО-ДПМНЕ, сосема погрешно надевајќи се дека така ќе се реши проблемот што го има Грција со постоењето на Македонија и Македонците. За жал тоа е лудост која во политиката ретко е оригинална.

Велимир Цвејиќ

(Полемиката на господинот Цвеjиќ не беше објавена во Утрински весник)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе