Нема еднаквост

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

Од почеток на оваа здравствена криза се залагам за почитување на правилата и препораките на здравствените власти...
Жалам што често препораките на Комисијата за заразни болести беа преправени, дополнувани и менувани од министрите (нестручни за оваа област) на седница на Влада. Има и нелогични одлуки за кои имаме право да коментираме:
1. Карантин прогласуваме за луѓето слободно да заминат низ цела Македонија;
2. Кога се затвори Куманово заради Куманово, не се затвори Липково, ама кога се затвори Липково заради Липково, се затвори и Куманово заради Липково;
3. Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници;
4. Се отвараат казина, но немаме никаков образовен систем… и уште многу, многу други.
Но, две државни постапки од вчера и денес ни даваат апсолутно со право да кажеме: ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСТОИ ЕДНАКВОСТ НА ГРАЃАНИТЕ... 
Ако покренуваш постапка против верско лице од една религија заради повик, а не го правиш тоа спрема верско лице од друга религија заради закана, тогаш нема ЕДНАКВОСТ.
Ако покренуваш постапка против верник од една религија за непочитување на владини мерки (забрана за посета на гробишта), а во насока на остварување на своето право на слободно изразување на вероисповеста, а не покренуваш постапка против верник од друга религија за непочитување на владини мерки (забрана за собир на повеќе од три лица и пропишан полициски час), а во насока на очигледно политичко додворување, тогаш нема ЕДНАКВОСТ.
Ако на верници на една религија не им дозволуваш исполнување на уставно право и организираш целосна државна пропаганда против нивното право на вероисповест, тогаш прекршуваш не само Устав, туку и основни човекови права.
Ако на граѓани атеисти, на граѓани без редовна пракса на вероисповед и на граѓани кои не се чувствуваат како верници им ускратуваш права, кои им ги даваш на граѓани верници (од која било вера) и тогаш нема ЕДНАКВОСТ...
Срамота е ова...
Владата не само што не успеа да се справи со здравствената криза, ја забрза економската криза, направи неуставна алхемија и свесно контролира политичка криза, успеа да создаде и недоверба и криза со различен третман по основ на етничка и верска припадност.
Затоа, под итно или запрете ги сите постапки по основ на вероисповедување, или започнете постапки за сите без разлика на нивната вероисповест.
Си играте со лоши чуства.
Илија Димовски
 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе