Кратка загрижувачка анализа на високото образование

Во државата има 23 факултети од областа на економските науки, туризмот и менаџментот, што значи еден факултет на само 65.217 граѓани кои живеат во нашата држава.

Во академската 2019/20 година во нашата држава функционираа повеќе од 137 факултети и високи школи. Ако се земе предвид дека во Македонија има најмногу 1.500.000 жители, се констатира дека приближно на секои 11.000 жители во државата има по еден факултет. Дека состојбите се алармантни, доволно говори и податокот дека во нашата држава има вкупно 134 редовни и специјални средни училишта, број кој енормно е зголемен од учебната 2016/17 година и тоа за неверојатни 10 училишта, иако бројот на учениците во истиот период се намалил за повеќе од 9.000 ученици. Но, за состојбите во средното и во основното образование во некоја друга прилика.

Со новите законски решенија според струката и работното место имаме класична сегрегација на граѓаните на Македонија и тоа се оправдува со т.н. дефицитарност на определени кадри и скриената потреба на власта некои уиверзитетски наставници да се активни чинители на системот, безмалку доживотно. Разгледувајќи ги податоците посебно внимание ми привлекоа медицинските, правните и економските факултети.

Во академската 2019/2020 година од вкупниот број 4.437 наставници и асистенти во високото образование на трите медицински факултет се ангажирани 1.092 наставници и асистенти или 24,61%, што укажува на сериозен дисбаланс во дистрибуцијата на кадарот во високото образование. Не сум стручњак за медицински науки, но се обидов да направам компарација на бројот на вработените на медицински факултети во соседните држави и увидов дека таму бројот на вработените е далеку помал, а со оглед на состојбите во здравството не сум сигурен дека во нашиот случај квантитетот дава квалитет.

Во академската 2019/2020 година од вкупниот број 4.437 наставници и асистенти во високото образование на факултетите за правни и политички науки се ангажирани 312 наставници и асистенти или 7,37%. Притоа бројот на асистентите е несразмерно помал од наставниците, па така од вкупно 3.162 наставници во високото образование на овие факултети се ангажирани 258 наставници или 8,16%. Ова посебно се однесува на Правниот факултет во Скопје, каде има само еден асистент, што значи дека професорите држат вежби. Замислете колку богата држава сме, па се дозволува професори да држат вежби.

Не сум стручњак за право, но интересно е дека, на пример, покрај Граѓанско право има предмет и Граѓанско право – применета програма, нешто што на техничките, природно - математичките, технолошките, медицинските, економските и другите факултети едноставно се третира како вежби на соодветниот предмет.

Интересно е што на овие факултети, особено на државните има насоки за кои со години нема речиси никаков интерес, но државата упорно за нив распишува конкурси и ги финансира. Но, зошто е тоа така. Затоа што повеќето вработени на овие факултети примарно се занимаваат со политика и пишување колумни и закони, а потоа со образование и наука, а истите тие не се препознатливи на светските научни мрежи како researchgate.net или на најлибералниот научен пребарувач cholar.google.com, на кој со незначителни исклучоци овие луѓе воопшто ги нема или се крајно незабележливи.

Оттука е нејасно зошто со новите законски решенија се дозволува уставна привилегираност на вработените во правните факултети, кои иако во минатото биле сериозно привилегирани многу малку сработиле како на научно, така и на образовно поле.

На крајот, од освртот на факултетите за правни науки, некој сериозно треба на јавноста да ѝ даде образложение, како тоа во Македонија која реално има помалку од 1.500.000 присутни граѓани во државата некој акредитирал 12 факултети за правни науки, или еден факултет на помалку од 140.000 жители, што во најмала рака е несериозно. Исто така, МОН треба да објасни зошто работат факултети со помалку од 10 професори.

Во академската 2019/2020 година од вкупниот број 4.437 наставници и асистенти во високото образование на факултетите за правни и политички науки се ангажирани 482 наставници и асистенти или 10,86%. Притоа бројот на асистентите е несразмерно помал од наставниците, па така од вкупно 3.162 професори во високото образование на овие факултети се ангажирани 377 наставници или 11,92%. Како и во случајот со факултетите за правни науки и тука наставниците држат и вежби, а тоа посебно се однесува на држаните факултети во Скопје, Прилеп, Охрид и Штип, каде според податоците на Државниот завод за статистика има само 4 асистенти.

Во државата има 23 факултети од областа на економските науки, туризмот и менаџментот, што значи еден факултет на само 65.217 граѓани кои живеат во нашата држава.

На крајот од оваа кратка анализа, да забележам дека во трите разгледувани групи факултети од вкупно 4.437 наставници и асистенти се вработени 1.831 лица или 42,84%, а бројот на наставниците е 1.162 од 3.162 или 36,75%. Што ова значи за состојбите во високото образование?! Не  треба посебно да се говори. Но повеќе од сигурно е дека во случајов имаме сериозна привилегирана положба по повеќе основи, што сигурно не е заради неопходноста од продолжување на работниот век на кадрите од областа на правните и економските науки, туку тоа е пред сè заради нивното присуство во највисоките ешалони на власта. Така, изминатите 37 години, со мали исклучоци, дури и министрите за образование биле правници. За ова не треба посебно да се говори, но само да забележам дека на Правниот факултет студентите не се образуваат за наставници, а ниту проучуваат образовни системи и споредбено образование, па оттука жалосно е некој и да помисли дека тие може компетентно да го раководат образовниот систем. Постојат и многу други причини за лошите состојби во македонското образование, но моето долгогодишно присуство во истото, како и претходно кажаното укажува дека главна причина е некомпентентноста на првите луѓе во МОН, кои никако не можат да сфатат дека образованието не е право, социјална работа и слично, а посебно дека образовните институции не се невладини организации во кои многу од наставниците на правните факултети поминуваат доста време во нивната т.н. борба за човекови права и слободи, за транспарентност и што уште не.

Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор

 

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе