Коронавирусот помеѓу конспираторните теории и фактите

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

И додека светските новински агенции пласираа вести за Сирија, Брегзит, жолтите елеци од Франција, големите бури (Габриле, Фреја, Сесилиа...) секако и топ темата Турција и бегалската криза, една 57-годишна госпоѓа од Вухан за вечера си подготвувала лилјак. Утредента од зад една тезга на градскиот позар таа кивнала, се накашлала и целиот свет го стави во карантин, ги депресираше светските берзи, ја блокираше светската економија и ги разори здравствените системи на многу држави.

Денес сѐ уште никој со сигурност не може да презентира факти за изворот и тајмингот на пандемијата со коронавирусот, но сите се согласни дека тоа е градот Вухан во Кина.

Не паѓа снегот за да го покрие брегот, поента на сагата е да се прикрие трагата

Првите информации за нултиот пациент заразен со ковид -19, пристигнаа преку британскиот дневен весник „Дејли мејл“ (Daily mail). Беше посочена извесна Веи Гуишиан, продавачка на свежи шкампи на пазарот Хуанан во Вухан, која првиот симптом го имала на 11 декември минатата година. Меѓутоа од Пекинг, од владини информации посочено е дека на 17 ноември идентификуван е првиот случај на дијагностициран со ковид-19. Седум недели после тоа кинеските официјални лица објавија дека откриле нов вирус.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вешто и суптилно се обиде вирусот да го нарече „Кинески вирус“ или „Вухан вирус“ - етикета што го налути Пекинг.

Кина ги отфрла тврдењата дека Вухан е извор на пандемијата. Кинескиот портпарол на министерството за адравство д-р Зонг Наншен изјавил: „Епидемијата на коронавирусот настана во Кина, во Вухан, но тоа не значи дека Вухан е нејзиниот извор“.

Обвинувања, подметнувања, спинувања се редеа, но вистинската причина и одговор на клучните прашања, кој, каде, како и зошто го пласираше или како вирусот настана до денес нема.

Помеѓу конспираторните теории и фактите

Во октомври 2019 година армијата на САД релизираше воени маневри на 2 локации: во американската воздушна база во Чарлстон, Јужна Каролина, и другите во Јужна Америка. И на двете места, војската увежбувала стратегија за постапување во случај на пандемија. Сценаријото разработува „неконтролиран корона вирус кој се шири како шумски пожар, создавајќи хаос низ целиот свет“.

На 18 октомври 2019 година, неколку недели пред извештаите за првите случаи во Кина, фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, универзитетот „Johns Hopkins Medicine“ и Светскиот економски форум организирале настан во Њујорк на кој присуствувале звучни имиња на политичари, врвни претставници на администрацијата, медицински експерти. Симулирана е појава на коронавирус - ситуација во која 65 милиони луѓе умираат во рок од 18 месеци.

На 20 март „Њујорк тајмс“ (New York Times) објави дека моќниот претседател на Комисијата за разузнавање на Сенатот, Ричард Бур ги продал сите свои акции во вредност од 1,72 милиони долари во 33 одделни трансакции, непосредно пред падот на берзата предизвикан со коронавирусот. Кон средината на февруари, американската берза се доближи до историските горни граници, а во март, една недела откако сенаторот Бур ги продаде акциите, берзата пропадна, со што се елиминира растот направен во трите години на администрацијата на Трамп.

Овие факти индиректно укажуваат дека во одредени кругови во САД за коронавирусот, неговата појава и распламтување се знаело и пред ноември 2019, односно датумот кој се врзува за нултиот пациент. Ова пак претставува стабилна основа и плодна почва за развој на тезите на заговор. Тие пак стартуваат со претпоставката и тврдењата дека новата пандемија не се случила спонтано, туку била планирана - и најверојатно не во Кина.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Зхао Лијианг пласираше теза дека американската војска која од 18 до 27 октомври учествувала на воени вежби во Вухан, каде Пентагон пратил делегација од неколку стотици луѓе, го донела вирусот во Кина. Учесници, претставници од 5 земји биле хоспитализирани во Вухан со непозната болка во градите. Крајниот исход генерално, според датумот се совпаѓа со периодот на инкубација на коронавирусот од 14 дена. Изненадувачки и непротоколарно, контра реплика на портпаролот стигна од највисоко ниво. Доналд Трамп веднаш одговори со обвинување дека лаже и коронавирусот го нарече „кинески вирус“.

Сето ова временски се поклопува со изјавата на колумбискиот архиепископ, надбискупот Малколм Ранџит, дадена за италијанскиот весник „Месаџеро“ (Mesadzero): вирусот тргна од лабораторијата на „моќна и богата држава“.

Ако свештеникот не се осмели да ја идентификува „богатата и моќна земја“, тоа го стори канадскиот центар за истражување. На својата веб страница од 19 март 2020 постираше: „САД е единствената земја која ги има сите гранки на еволутивното дрво на коронавирусот. Оригиналниот извор на вирусот ковид-19 е американската воена лабораторија во „Fort Detrick“. Таа е единствената воена лабораторија на Соединетите Држави опремена за проучување на опасни вируси и други патогени на ниво на биосигурност 4 (воена лабораторија од IV ниво е лоцирана и во Вухан).

Во прилог на ова оди и статијата објавена во „Њујoрк тајмс“ на 31 август 2019 година за развој на мистериозна епидемија од претходно непозната болест во САД. Не е исклучена вирусна и бактериска природа на сериозната болест на белите дробови. Од 1 октомври 2019 година, пријавени се 1.080 случаи во 48 држави и Девствените острови, вклучувајќи и смртни случаи.

Ако се послужиме со криминалистичка логика, врз основа на индиции не можеме да го осудиме, но можеме да го посочиме виновникот, секако доколку е издржан мотивот, тогаш треба да видиме кој засучи мустаќи од искористувањето на оваа ситуација и оствари бенефит.

Акциите на технолошките компании во индустриските зони во Кина им припаѓаа на Европејците и Американците кои во изминатите неколку децении таму ги дислоцираа своите валкани индустрии. Дури 50 % од приходите на тешката и хемиската индустрија во Кина се прелеваше надвор од државата.

Ситуацијата во Вухан почна да ја урива редноста на јуанот, а кинеската Централна банка не презеде ништо за да го поддржи кинеското платежно сретство. Изјавата на Џи Хипинг дека е подготвен да го заштити народот на Вухан со блокирање на границите, зададе дополнителен удар на берзите и доведе до остар пад на цените на акциите од 44%. Меѓународните компании форсирано почнаа со продажба на кинеските акции, но на пазарот немаше купувачи. Кинеската влада чекаше цела недела и кога цената на акциите отиде под долната дозволена граница во еден момент ги купи сите акции на Европејците и Американците! Тогаш „финансиските ајкули“ сфатија дека се измамени и изиграни но, предоцна! Не само што Кина заработи 20 милијарди долари, туку ги врати акциите на своите компании и стана сопственик на тешката индустрија од која зависат ЕУ и Америка и од сега цената ќе ја утврдува Комунистичката партија на Кина.

Ваква голема операција, сè уште не се случила во историјата на светската берза.

Ама сега, следејки ја логиката на алгоритамот на конспираторните теории: САД го произведува и пласира вирусот во Кина, Кина наместо да настрада остварува профит, најмногу страдат членките на ЕУ, НАТО реаагира споро и конфузно, а Русија со испраќањето на медицинска помош во Италија се стекнува со популарност и симпатии.

Ова индицира опција дека сепак можеби не Кина, туку Русија ќе ја добие првата рунда.

Едно станува сигурно: Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист. На светската сцена извесно е, ќе застане нов лидер – некој типуваат на Кина. И концептот на неолиберализмот со човековите слободи и права во средиштето на западните држави најверојатно ќе биде редизјниран.

д-р Зоран Доревски, експерт за безбедносни прашања

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе