Координација или инфлација на специјални пратеници за Западен Балкан

Каква е координацијата на САД со ЕУ за Западен Балкан?

Добро е што САД и ЕУ повторно се навратија и се фокусираа на решавање на отворените прашања во регионот на Западен Балкан и интеграција во европските и трансатланските структури.

Добро е затоа што државите, односно политичките елити, тоа самите не можеа (сакаа?) да го преземат на своите плеќи. Многу полесно им е пред своите граѓани да кажат дека тоа се одлуки на „меѓународната заедница“. Но, постојат и неколку скриени или потенцијални „опасности“ од таквиот начин на изнаоѓање решенија. 

Најпрвин, САД го назначија Метју Палмер за специјален претставник на САД за Западен Балкан (добар познавач на регионот).

Подоцна претседателот на САД го назначи амбасадорот на САД во Берлин, Ричард Гренел за негов специјален пратеник за Србија и Косово. 

Во ЕУ пак на новинарско прашање (пред  два дена) дали ЕУ ќе назначи специјален пратеник за дијалогот Белград – Приштина, Џозеф Борел одговори дека тоа бара определени подготовки, изработка на мандат, потребни документи, но во секој случај тоа ќе биде направено на следниот Совет на министри за надворешни работи (март). Иако прашањето (и одговорот) беше поставено за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, сепак се работи за специјален пратеник за Западен Балкан и најчесто се шпекулира со името на Словакот Лајчак.  

Иако Ричард Гренел е пратеник за Белград – Приштина дијалогот, тој во овој период (барем јавно) се занимава (само) со економската димензија на тие односи. А Палмер како пратеник за Западен Балкан неодамна даде изјава во која не ја исклучува опцијата од размена на територии меѓу Белград и Приштина.

Се поставува прашањето дали (опцијата и евентуалниот договор за) размената на територии е димензија во надлежност на Гренел или пак на Палмер? Дали постои целосна координација меѓу двата американски пратеници? Лично сметам дека, имајќи ги предвид можните импликации во регионот од една таква опција, ова прашање сепак повеќе би требало да биде во мандатот на Палмер.

Но, каква е координацијата на САД со ЕУ (засега без специјален пратеник за ЗБ)? Она што е познато во јавноста е изјавата за заменикот МНР на Германија Михаел Рот дека „не сакаме да ја отвориме таа Пандорина кутија и јас можам само секого да советувам да не ја отвора пак таа дискусија. Тоа е пропаднат концепт од 19-от и почетокот на 20-от век“ (изјава за DW).

За воља на вистината, во 2016 Белгија и кралството Холандија договорија размена на територии (мала територија и ненаселена) од прагматични гранични причини. Договорот требаше да биде ратификуван во двете држави и требаше да стапи во сила во 2018. Размената на територии опфаќаше 3 за 1 хектар.

Меѓутоа, тоа е Бенелукс, а не (западен) Балкан.  

Да почекаме до мартовскиот ЕУ министерски совет и именувањето на нивен специјален пратеник за З.Б. и да видиме дали ЕУ ќе има заедники став, дали ќе биде вклучен во носењето (и) на таа одлука, дали двете страни (Белград и Приштина) ќе се согласат (и во која форма) за размена на територии и дали меѓународните фактори, ако се случи таква размена, ќе ги преземат сите потребни (превентивни) мерки за да тоа биде во духот на Бенелукс, а не „по Балкански“.

П.С. (последна вест)

Специјалниот пратеник на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел демантираше дека Вашингтон се согласува за размена на територии меѓу Србија и Косово. Лажни вести, напиша Гренел на својот Твитер налог, коментирајќи го текстот што вчера го објави ЕУобсервер.

Александар Тавчиовски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе