Кoи сме ние Македонците и ќе опстоиме ли?

Темата не е случајно избрана. Откако знам за себе, оваа дилема била присутна кај мене, особено после изучувањето на историјата.

Во Македонија се уште постојат одродени луѓе, чии чувства се поблиски до оние на некои од нашите соседи. Колку што јас знам, ние најчесто лутаме и анализираме моментални појави или делови од горната тема без да ја поврземе целината интегрирано. Значи суштината и конзистентната целина секогаш останувале заборавени или намерно прескокнати, најчесто заради тоа што во нашата средина и денес има такви кои во своите фантазии го замислуваат својот народ како тесто кое се уште е неподготвено за печење. Заради ова сум барал некој пример од природните науки преку кој би ја отсликал нашата посебност. Овој мој замислен модел се базира на аналогијата со еден специфичен метал.

Читајки ја книгата „Приказни за металите“, на рускиот академик Венецкиј, кој заради проблемите да се добие како чист метал, металот тантал ни го прераскажа преку приказната „Метал роден во маки“. Токму заради таа идеја, според мене историјата на овој метал во висок степен се поклопува  со историјата за нас како народ, односно за судбината на македонскиот народ и држава.

А еве како тече приказната за металот во споредба со нашата судбина. Рудата на овој метал е пронајдена вo 1801 година. Хемичарот кој ја пронашол применувајќи ги познатите хемиски постапки дотогаш не успеал да дојде до чист метал и да ги открие неговите значајни карактеристики и употребна вредност и така се откажал од натамошните експерименти. После 40 години друг хемичар од соседна земја, со примена на повеќе последователни хемиски и термички постапки добива производ кој се издвојува од повеќето други метали. Но, добиениот метал бил сличен на претхоно познатиот метал ниобиум, кој веќе се употребувал во електро индустријата, а се добивал од истата руда, од колумбиумот. Инаку само за комплетирање на приказната, ниобиум е ќерка на богот тантал. Заради големите маки да се добие чист метал и да се докаже дека е различен од ниобиумот, иако преку посебни термички и технолошки процеси сепак тогаш се откриени само дел од неговите особини. Дури во 1922 година, повеќе од 120 години од сознанието за неговото постоење, трет хемичар кој се занимавал со овој метал, му поаѓа од рака да ги открие сите негови благородни и многу корисни особини, некои побитни и од оние на благородните метали, а многу поразлични на оние на веќе споменатиот ниобиум.

Танаталот од неговото пронаоѓање како непрепознатлив и неименуван, осознаен и именуван е дури после повеќе од 120 годин и по тоа е единствен метал кој најдолготрајно им задавал маки на хемичарите да го издвојат како посебен метал, според неговите особини и различен од неговиот близнак ниобиумот. Значи хемичарите долго време танталот го поистоветувале со неговиот близнак.

Македонскиот народ иако е откриен како народ кој постои пред повеќе од 20 векови (иако мешан со други племиња, како Словените, потоа Турците и сл), а не декади, се уште не е признат како посебен народ ниту пак е именуван според своите идентитетски особини. Соседите, воделе вековни борби, пред се за да докажат дека Македонците се Срби, Бугари, па дури и Грци, а денес и Албанци. Тоа и била појдовната точка на нивните интереси да се освојуваат и териториите на Македонија, а преку историските невистини, образованието и световните доктрини, постојано се обидувале да ги претопат Македонците. Тој тренд и денес е присутен и некои од нас тоа го доживаат како нормално, а поголемиот дел како предавство на својот сој. Тоа се потврди и при преговарањето за двата езерски договори, а тие тенденции се силно изразени и во последниот обид на Бугарите за бугаризација на Македонците со што, преку тој империјален процес настојуваат да ги задоволат и своите територијални интереси. 

Танталот бил осознаен како посебен метал, откако му биле пронајдени битните особини поразлични од оние на кој било друг метал. Таквите особини на нас Македонците иако на определен начин им се познати на сите околу нас како посебен народ, но и на олимпијците кои беа сместени во Копенхаген, Москва, Берлин, Букурешт, Париз, а денес во Брисел и Вашингтон, заради своите интереси се уште не не сметаат како посебен народ различен од соседите, задржувајќи ја заблудата за нас како дел од кој било сосед, па како и боговите олимпијци од Олимп, одлучуваат за тоа кој народ ќе живее, а кому му следува смрт. Засега денес сме поблиску до одлуката да не прогласат и умртват, пороцес кој почна со растурањето на Југославија и нашето осамостојување. Играат игра дека не не познаваат и се уште мислат дека сме дел од некој од нашите соседи.

Ја разбравте мојата асоцијација за тоа кој се современите, а кој поранешните олимпијци бидејќи јас вас ве сметам за народ со висок степен на племенитост и фантазија, а не за глупав, беден  и ништожен, како што оние прогресивците, одродените и платените отпадници не нарекуваа. И заради тие атрибути славеа кога издаваа свои памфлети во кои ги искривуваа нашите карактеристики во погрдни искази, сметајќи се себе си за „над“ македонскиот народ, а сепак навистина беа изроди, за што и денес, свесни или не, очекуваат својот имот да го зголемат за сметка на својот народ, даночен обврзник кој ги плаќа. За карактеристиките на овие и ваквите одродени синови од македонскиот народ, какви што се гневот, омразата и гордоста за умртвување на нас Македонците, сакам наскоро да го соопштам моето детално психолошко поимање и објаснување на нивниот разум. Разум кој е надвор од рационалноста и целосно базиран на непријателството, затвореноста и самоправедноста, особини поблиски на неандерталците, па дури потоа логично и на племенскиот менталитет изразен низ омраза на се што е свое, преку самоцентризам и алоцентризам, што во крајна линија води кон сериозен внатрешен конфликт меѓу ионака речиси целосно распарченото македонско националното ткиво меѓу сите граѓани, кое треба да се распадне како хартија од стари весници испокинати од времето под влијание на сонцето, ветерот и дождот.  

Еве уште една карактеристика на овој метал која е скоро сосема истоветна со македонскиот народ и Македонците. Рудата на танталот е ретка, бидејќи ја има само околу 0,0002% од земјината површина, а Македонците ги има значително помалку односно само 0,000006 % од вкупното население на земјината топка што е значително помалку отколку танталот. Причината е сосема јасна. Интересите на олимпијците скогаш биле свртени кон соседите, а врз нас се извршувале разни погорми, присилни иселувања или воени размени на население. Мене лично ми се поставува прашањето зошто ООН или УНЕСКО водат грижа повеќе за историското наследство, а за малите и ретки народи никој не се грижи и не ги заштитува нивните човекови права-културни и идентитетски прашања како посебност и вредност. Дали тоа е така бидејќи малите народи без оглед на нивната историја и територија, од аспект на пазрот и критичната маса на знаење не се од интерес на олимпијците, па на новосоздадените држави им гарантирале и ги помагале во нивните злосторнички активности врз Македоците со цел да ги претопат или избркаат од своите огништа. Тој тренд иако е со намален интензитет е присутен и денес. Затоа јас и денес и поодамна изјавувам дека ЕУ, какво што е не ни треба.

Танталот, заради својата висока точка на топење, но и сериозна цврстина, а истовремено и висока пластичност, денес е многу битен за опстанокот на многу современи производи и индустрии особено во електрониката, а вселенските летала не можат да летаат над 50 км, а не пак да отидат подалеку од стратосферата, без употребата на овој метал. Што е многу побитно, денес медицината своите комплицирани зафати нема да може да ги изведува успешно без него. Овој метал е единствен метал кој се врзува/спојува со клетките на човекот и на другите животни, па се употребува како врзивно ткиво при сложени операци на многу делови од човековото тело, особено при операциите на мозокот. Значи оваа особина не ја поседува ниту еден од останатите метали.

Нашата судбина, споредена со овие карактеристики на танталот е скоро истоветна. Нашата музика се претставува како музика на соседните земји кај Бугарите, кои немаат своја музика, па ја присвојуваат нашата. Но има една особина која не прави поинакви од танталот. Тоа е точката на топење.

Македонскиот народ се уште не опстојува како македонски народ во своја држава. Иако поделен и раселен сепак е подложен на мнагу разновидни премрежја слични на оние кои ги доживеале многу народи. Разликата е во тоа што сите тие премережја ги доживеале сите народи поединечно и различно. Наспроти тие  интегрирано, како една сила делуваат само врз нас Македонците. На кратко да излеземе од ова што е споменато. Некој мисли дека Македонците и нашата  држава во дадени одделни моменти преживува голготи или се заплеткуваа во јазол иако како посебни случувања тоа не е далеку од вистината. Ама сепак јас мислам дека сето тоа на долг рок треба да се дефинира како танталови маки кои не следат со векови и денови. Тоа е таа конечна или апсолутна вистина за се што ни се случува во нашето историско опстојување од памтивека до денес, многу подолго отколку кој било сосед или народ. Историски е добро познато дека многу од нашите претции биле учесници во борбите за ослободување на Грција, Србија и Бугарија. Во тие битки некои наши претци стигнале и до воените и државни врвови на овие држави. Така нашата интеркултурна особина денес ни се враќа со сериозни погроми. За мене соседите и денес целосно се посветени тие намери докрај да ги остварат, користејќи не како материјал за својата недоизградена куќа. За таквиот нивен интерес се грижат и некои наши неандерталци, вгнездени во врвовите на политиката и на дното од науката.    

Историски Македонците биле единствен народ на Балканскиот полуостров, според венецијанските историчари. Нашите „чеда“, соседните држави, кои опстојуваат околу нас, се тие кои не сакаат да ја признаат историската вистина  за нас како посебен народ. Тие кои се одродени од нивното македонско потекло  се претопиле во друго племе Татарско, Српско, Грчко или Албанско и затоа не негираат. Сега нудејќи ни ја нивната постапка како нешто нормално, поддржани од интересите на боговите олимпијците, настојуваваат да не претворат во Бугари, Грци или Албанци лечејќи ги нивните фрустрации кои историски се поистоветуваат со нивното поприманње на туѓите верувања, ритуали, верност, вредности и емоционалното значење на искуството, под воен притисок или доброволно.

Еве да анализиораме само два соседа. Грци на територијата погоре од Лариса, пред и за време на Отоманското царство немало. Поткрепа на сето ова се сите тефтери на ова царство. Но, нивната мегали идеа не убедува дека територијата и населението до Битола се нивни. Постојаното присвојување на македонската територија и нашите браќа кои живеат на денешната територија во оваа земја е силно поддржана од западниотиот свет или како јас веќе ги нареков олимпијците, надоместувајќи им за териториите  и населението, загубени во војната со Турција од 1920-та година

Бугарија замислува дека ние сме Бугари. Но, јас тврдам дека тие се одродени Македонци под воениот налет на Татарите. Еве ги моите аргументи. Во она време кога ние одевме на одмор во местата на Црно море, како Несебр и Бургас, тамошните жители се декларираа како Македонци. Со цел да ја тргнам забуната, ги прашував да не се доселеници од Егејска или Пиринска Македонија. Тие беа изрични, тврдејќи дека се домородени Македонци на тие простори. А денешното тврдењето на БАН дека тие се единствени наследници на браќата Кирил и Методиј е искривоколчување на историските факти. Понатаму проблемот им го препуштам на историчарите, особено на оние што се дел од заедничката комисија во сегашните преговори со Бугарија иако ценам дека тие затскриени зад интересот за влез во ЕУ, сето погоре, се подготвени да го искривоколчат и да одработат за интересите на Бугарија.        

Почитувани најтешко ми е да одговорам на прашањето има ли овој македонски напатен, чесен и трпелив народ некаква своја одговорност за сите маки и понижувања кои ги трпи секој ден со векови. Дали тие маки се слични на очекувањето дека боговите  сме ги послужиле со печено месо од нашите синови и не казнуваат за нивните интереси или пак станува збор за нешто друго. Она што за мене е блиско до вистина е тоа дека Македонците верувале во многу богови и веројатно заради тоа им бил испратен Св. Петар да ги христијанизира. Еве ја мојата поткрепа на искажаното. Почитуваниот Танас Вржиновски во својата студија насловена како „Народната митологија на Македонците“ на едно место вели: „Кај нас, меѓу народот има специфичен однос кон Господ, што се изразува преку задржувањето на верувањето во паганските врвни божества кои и денес се прикажуваат исклучително како христијански верувања“.  

Ова јасно зборува за отсуство на поврзаност на Македонскиот народ со некој грев сторен околу распетието на Христос. Меѓутоа, не знам во каков степен на нашето (не)единство има влијание, верувањето во Господ паралелно со паганските божества. И дали тоа не е потреба од поинтензивно ангажирање на МПЦ, како единствено световно тело, а не како распарчано како и народот. 

Дека имаат определено влијание окупациите на овие територии кои биле зачестени неоспорно е. Космополитскиот поглед на светот и мирољубивоста кон соседите, а не борбеноста и завојувачките интереси се особини присутни само кај Македонците. Тоа има сериозен придонес  за поделбата кај Македонците, особено при промената на окупациите и поделбите на македонската територија од страна на соседите во определени периоди кои се познати и се плод на споменатите богови олимпијци.

Но, јас почитувани останувам на ставот, дека нашата држава во последните 70-ина години не стори доволно за расчистување на спомената дилема преку образовниот систем и особено нејзиниот дел - историјата. Тоа не е случај ниту во последните 30-тина години од осамостојувањето кога беше најпотребно. А познато е во психологијата дека образовниот систем и домашното воспитување се основата преку која се оформува менталниот склоп на луѓето од мали нозе. Мислам дека тука некаде е, иако не во целина, и причината зошто овие од страна денес сакаат да ни напишат нова историја според нивниот ментален склоп и интерес. 

Останувам на ставот дека степенот на нашето образование, посебно високото е на значително пониски гранки од степенот кој ни е потребен во овој миг. Раскинувањето на македонското ткиво од страна на нашите политичари и определен број на одродени интелектуалци е последица на отсуство на таквиот образовен врзивен материјал.

Кои сме, а дали ќе останеме тоа што сме со вакви политичари и со нашето знаење не можам да предвидам. Неизвесноста е сериозно присутна. Она што сакам да го кажам останува мојата надеж во идните поколенија. Посакувам тие да се напојуваат од светското знаење -  и западното кое се чувствува супериорно, но да не го запоставуваат и чие било друго знаење. Во секој момент да бидат во тек со сите нови насоки во науката од сите страни на светот.

И сосема на крајот за она што кај нас се знае ама не доволно и јасно. Тоа засега  е нашиот единствен македоски дијамант. Посакувам најголема застапеност и целосно финансирање од буџетот на нашата култура за настапи надвор од земјата, во светски не соседски рамки, бидејќи таа јасно се издвојува од онаа на соседите како што и танталот се издвојува од сите други метали. Значи ни треба извоз на нашата култура, а увозот на странска треба целосно да се препушти на пазарот и потребите на поединци, исфрлајќи го целосно од финансирањето од буџетот.

                                                                М-р Ѓорѓи Трипков,

економист аналитичар, пензионер

 

          

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе