Ќе нѐ биде ли? Апсолутно да!

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

Македонче, за ништо не го бива. Неписмен народ. Види ги Албанците како се единствени. Федерализација на државата. Море, поделба на државата. Скопје многу брзо ќе се викал  Shkup. НАТО, ЕУ. Корупција. Скандали. Човече, па од оваа држава ништо не бива. Не заслужуваме држава. Пропаганда пуштена до даска. Стварање на негативно јавно мислење до ниво на мазохизам. Проект за миење на мозоците на македонските граѓани. Проект за тотална контрола на државата.

Проектот го реализираат челници на македонските и албанските партии, следени од илајдници послушници водени од сонот дека еден ден и тие ќе бидат како нивните лидери. Проект кој треба да овозможи во наредните десетина години 150.000 паразити и челниците на партиите, да уживаат во благодетот на парите кои ќе ги стекнуваат без грам работа. Цената ќе ја платат граѓаните што ќе останат во Македонија и енормното задолжување кај меѓународните „пријатели“. Долгот многу брзо ќе достигне до 10 милјарди евра...

Дали ќе успее овој проект?  НЕ.

Зошто нема да успее?

Нема да успее бидејки креаторите и реализаторите на овој проект,  ја потценија интелегенцијата и интелектуалниот потенцијал на македонските граѓани, ја потценија СИЛАТА НА НАРОДОТ. Опиени од успехот на спроведување на овој проект во изминатите две децении, сега со неверојатна леснотија си играат со достоинството и дигнитетот на граѓаните. Оваа дојде  до тој степен, што најотворено го вреѓаат и омаловажуваат сопствениот народ и се однесуваат како господари на Македонија. Господари за кои не важи законот. Господари кои имаат право на сѐ, па дури и право да одлучуваат за слободата и животот на граѓаните. Оваа придонесе во државата да се створи критична маса на граѓани кои рекоа СТОП, ДОСТА Е! Тоа се 300.000 Македонци кои не излегоа на последните избори. Оваа бројка сѐ повеќе ќе се зголемува, за да наскоро господарите останат сами со своите 150.000 паразити, вдомени во државните јасли. Македонецот ја извади кубурата што ја чува за „не дај Боже“. Тие што не можат тоа да го видат сега, ќе го видат наредната година.

Оваа есен нѐ очекува економско цунами. Тоа ќе ја уништи и така утепаната македонска економија. Невработеноста ќе се зголемува вртоглаво. Компаниите ќе ги затвораат вратите. Државата ќе се заборчува и ќе се труди да го одржи социјалниот мир. Во тоа ќе успее кај  пензионерите и социјално ранливите категории. Но тотално ќе потфрли со стопанството. Тоа ќе предизвика незапирливо да расте бројот на незадоволни граѓани до тоа ниво, што ќе предизвика тектонски пореметувања на политичката сцена. За среќа на македонските граѓани „господарите“ не можат ништо да направат за да го спречат овој процес. Не можат, бидејќи се обучени и тренирани да го спроведуваат проектот  на тоталитарна држава. Дури и да се обидат да ја сменат својата матрица на владеење, повторно не ќе можат, бидејќи незнаат како.

Македонските граѓани треба да бидат спремни за тежок економски и социјален живот во наредните десетина месеци. Затоа со своите средства, колкави и да се, треба да управуваат многу внимателно. Овие се тие „црни денови“ за кои се чуваат одредени финансиски резерви. Трошете разумно.

Но, после овој тежок период следува политичка, социјална и економска преродба. За преродбата требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата. Со овие три чекора Македонија преку ноќ ќе стане земја во која секој ќе сака да живее.  За сите детали поврзани со трите чекора, во некоја наредна прилика.

ПС: Овој текст  немора да го читаат паразитите од типот „што се занесуваш, не бива оваа работа“.

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе