И Холандија го смени името!

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

Од првиот ден на нашето осамостојување, поради противење на нашиот јужен сосед, Грција, бевме како граѓани оптоварени со прашањето на името на нашата држава. Дури и при приемот во ОН (кој тешко, од тие причини, се одвиваше) во Резолуцијата на СБ на ОН беше внесена клаузула (обврска) тоа прашање да го решат двете соседни држави. ОН назначи и специјален пратеник кој ќе посредува во тој „спор“. Се одржаа многу средби и беа изнесувани повеќе предлози за модалитетот да се реши прашањето.

И конечно, на 17 јуни 2018,  министрите за надворешни работи, Димитров и Коцијас го потпишаа, во Нивици, т.н. Преспански договор. После внатрешните процедури во парламентите на двете држави, името на нашата држава стана Република Северна Македонија – и за надворешна,  и за внатрешна употреба. Од тој ден прашањето на (промената на) името стана една од најжешките внатрешно-политички теми, а допрва, како се доближуваат предвремените парламентарни избори, треба да очекуваме натамошно вжештување на дебатите и на митинзите. Во соседна Грција, тогашната опозиција тоа прашање го држеше високо на агендата, се до моментот додека не ја освои на изборите власта. Потоа реториката стивна.

Погоре изнесеното не можев, а да не го изнесам, во најкуса можна варијанта, бидејќи намерата во оваа колумна ми е да дадам еден приказ за промена на име на една држава во Европа која се случи на 1 јануари 2020 година и за која во нашите медиуми скоро и да не ја забележав како вест.

Иако нема големи допирни точки со нашите тридецениски „маки“, самиот чин и причините сметам дека се интересни. Имено, Холандија (Holland) официјално го смени своето име во (Koninkrijk der Nederlanden) Kingdom of the Netherlands.

Од 1 јануари 2020 името Холандија престана официјално да постои како одредница за државата Netherland. Како средена држава веднаш беше објавено дека таа промена ќе повлече од буџетот 200.000 евра. Причината за промената на името лежи во фактот што Netherland (додека не најдеме соодветно име на македонски јазик /„Нисказемја“?) е составена од 12 провинции од кои само две (2) се Холандија (Noord- и Zuid-Holland, односно Северна и Јужна), а сепак голем број туристи, бизнисмени, студенти... кога патуваа во (или зборуваа за) Netherland, кажуваат  дека патуваат во Холандија. Тоа, можеби и затоа што двата најголеми градови (Amsterdam, Rotterdam, како и The Hague) се лоцирани во Холандија.  Институциите, локалните власти, универзитетите, приватните компании, медиумите ... ќе бидат обврзани да го користат името Netherland.

На веб-страниците на МНР на Германија, Австрија, Швајцарија фигурира името Niederlande, на В.Б. Netherlands, додека Одборот за стандардизација на српскиот јазик зазеде официјален став дека во Србија и натаму ќе се користи името Холандија. На веб-страницата на МНР на РСМ и натаму фигурира Кралство Холандија (Амбасада на Република Северна Македонија во Хаг). Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

Netherlands и Holland имаат долга, (пре-) богата и тешка историја. Во периодот помеѓу 1588 и 1795 година она што денеска ја претставува  Netherlands се нарекуваше Република на Седум Обединети Netherlands. По освојувањето од страна на Французите, беше преименувана во               Batavian Republic. Во 1806 година Наполеон го назначува неговиот брат Луис (Louis) за крал со што овој ентитет станува кралство. По поразот на Наполеон, Netherlands останува да биде кралство. Кралството Netherlands  формално станува самостојно во 1815 година. Областа Holland дава најголем придонес во развојот на целата национална економија во кралството и од тие причини тоа име почнува да се користи за целата територија. Се до 1 јануари 2020 година.

И логото на државата ќе биде сменето: Holland ке биде заменето со NL. Портокаловото лале секако останува и на новото лого.

Името Holland  првпат се споменува во 1064 година како име за целата држава, а населението како Hollandi.  Помеѓу 1806 и 1810 Holland беше и официјалното име на државата. На почетокот на 12-от век населението на Холандија се нарекуваат  Hollandi. Пред 12 –от век населението на овие територии се сметале за Frisians.

Почнувајќи од 1850 година почнува силен процес на формирање на нацијата, културно обединување и прогрес.

Историјата на Холандија, денешното Kingdom of the Netherlands со близу 17 милиони жители и 42.531 километри квадратни површина, во својата историја преживеала многу освојувања од поголемите соседни сили.

Ние на Балканот, кај најголем број, оградени со локалната логика и непознавање на историјата на другите (барем) делови на Европа, цврсто сме во уверувањето дека токму тука се одвивале, во историјата, најголемите освојувања и борби. Притоа денешните наши борби најчесто се сведуваат на борби со соседите и кој чиј бил (Александар - мислам дека го решивме; Тесла; Андриќ; Гоце; па дури и млади актуелни спортски звезди како Дончиќ и многу други).

И историски гледано, и од аспект на денешнината, доминацијата на  Holland (6,5 милиони жители) во рамките на Netherlands, во останатите провинции, предизвикува регионализам и стравување дека  се загрозени  нивните култури и идентитети. Тоа, пак, создава контрареакција кај  Hollanders кои својата централна позиција во кралството го земаат како загарантирано, т.н. hollandocentrism.

Предоминантен јазик кој се зборува во Холандија е Dutch. Hollanders често Dutch јазикот го нарекуваат Hollands наместо стандардното име Nederlands. Од јуни 2013 Фризианскиот јазик е усвоен како втор национален јазик.

Популарното верување смета дека Холанѓаните, по етнико потекло, се  мешавина на Фризијанаци, Сакси и Франаки. Всушност, истражувањата посочуваат дека автохтоните жители на регионот се мешавина на пред-германските и германските групи кои со тек на времето се зближиле. Од тие групи во 7 и 8 век произлегле етнички и културни заедници кои се идентификувале како Фризијци, Саксонци и Франци. 

Денешниот, пак, етнички состав на Netherlands е:  77,4% Netherlands; 6,3% други Европејци; 4,9% Индо; 2,4 % Турци; и останатите се Мароканци 2,2’%, Суринам 2,1%, Антили и други.

Од аспект на религиозна афилиација, три групи се речиси подеднакво застапени: Римо-католици, Протестанти и нерелигиозни. Муслиманската заедница претставува околу 6 %. 

П.С. Штета што немаме (уште) македонско соодветно име за  Netherlands, а ќе треба да имаме (барем на веб-страницата на МНР).

 

Александар Тавчиовски, амбасадор

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе