Европскиот процес на разбирање - клуч за Скопје и Софија

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

Северна Македонија и Бугарија што поскоро морат да ја вратат агендата за меѓусебно разбирање на еден политички процес кој би бил потпомогнат од Вашингтон, Брисел и ОН, и кој исто така би ги отстранил маглите на историјата од преговарачката маса. Нема решавање на споровите со историските формули на деветнаесеттиот век., затоа што сега живееме во нова политичка, социјална и економска реалност, каде што новата геополитика не оди заедно со старата историја.

По распадот на Југославија државите од регионот успеаја да се прилагодат на нова геополитичка карта, а денес имаме сосема нова реалност. Македонија е независна, исто и Косово, додека Бугарија и Србија мора да ја прифатат и почитуваат оваа реалност. Но, дури и политичките елити во Приштина, Белград, Софија и Скопје мора да вложат максимални напори да се ослободат од замките на црвените линии кои доаѓаат како резултат на историскиот и егоцентричен пристап кон проблемите.

Прво, мора да се напушти застарената практика на формирање комисии за историја, и второ, резолуциите на Бугарија и Северна Македонија, усвоени пред извесно време од парламентите на овие две држави, кои беа погрешно мотивирани од ретроградниот дух кој сега бара повлекување на трупите на НАТО од овој дел на Балканот.

На Софија и на Скопје им е потребен процес на разбирање кој би бил помогнат од ЕУ и Вашингтон, но и од ОН, каде што фокусот нема да биде минатото, туку иднината на народите на овие две земји.

Регионот географски и културолошки припаѓа на Европа и на Западот воопшто, така што Бугарија и Северна Македонија мора да разберат дека секое одложување на нивниот процес на европска интеграција поттикнува апсурдни повици за отстранување на НАТО од Балканот.

Сегашната криза и пукотниците на границите на Украина може да се провлечат во балканскиот регион во не толку далечна иднина, но тоа би можело да се спречи доколку политичките елити во Софија и Скопје правилно ја прочитаат заканувачката порака која доаѓа од создавањето на „тампон зони“ поради отсуство на војници на НАТО и задоцнетите евроинтегративни процеси.

Во Северна Македонија и Бугарија има доволно прозападен дух, кој би послужил како вентилација на позитивните процеси за иднината на народите на овие две земји. Секој друг пристап што го нема овој дух би бил чекор наназад, а заканата за регионалниот мир и стабилност би можела да стане дел од воените прирачници на Кремљ.

Не се осмелуваме ни да помислиме дека сме толку неспособни да разбереме дека со овие опструкции што се прават во сегашните бугарско-македонски односи, во кој прирачник сакаат да ни ја затворат иднината!

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

 

 Проф.др. Скендер Асани 

(Авторот е директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците)

 

 

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе