Движење на муслиманите за реформи во ИВЗ: Оди си Сулејман Реџепи!

Не оставка, оди си, чашата е прелеана.

Сулејман Реџепи ја узурпира функцијата и насилно ја извршува. Тој треба да си замине и што побрзо да ја ослободи Исламската верска заедница, која ја силува речиси половина век, пишува во отвореното писмо Движењето на муслиманите за реформи во Исламската верска заедница.

„Целиот муслимански свет е изненаден од еден настан што се поврзува со Сулејман Реџепи, кој, имено, за време на изминатиот викенд што се совпадна со Фитер Бајрам, насекаде тема на разговор беше следното: „Дали слушнавте дека се оженил по вторпат Сулејман Реџепи!“ Гнев, омраза, пцости, навреди, критики, најбанални зборови беа искажани за Сулејман Реџепи. Зошто? Затоа што се оженил?! Ова прашање, пред сѐ, е лично прашање, тоа е семејно прашање, кое не е забрането и кое се однесува на интимниот живот на секој жив човек. Затоа тоа е едно лажно алиби, непринципиелно и нечесно, да се користи како реакција од граѓаните за да се бара „да се откаже“, а не за стотиците злосторства, шпионажи и предавства што ги има  направено  досега!

На Сулејман Реџепи, што се однесува до неговата женидба со полнолетна жена, а не тинејџерка, треба  да му се честита, посакувајќи му добро наследство и среќен брачен живот,  барем за доброто на сопругата која нема ниту грам вина за целиот тој корпус на обвинувања против Сулејман Реџепи, поради  кои тој треба да замине и, никогаш никаде веќе да не се појави!

Постојат неколку фатални потези кои деновиве ја потресоа пошироката албанска и муслиманска  јавност, поради кои ќе сносат страшни последици, неговата банда која се камуфлира под поимот „муфтии”, или  членови  на  еден главен орган, таканаречениот „Ријасет“. Не постои таков орган, не постои „Ријасет“  бидејќи овој орган е со членови со истечен мандат, има и такви кои се удбаши, предавници, шпиуни, будалетинки, марионети, лапачи, крадци, бацирака, сервилни и неморални членови. Тие фактички се бандата на Суљо кои го поддржуваат во најбесрамни, најштетни и најболни афери и скандали за Албанците, насекаде низ етничките територии. Конечно, со  формата и начинот на крунисувањето (неговата венчавка) Сулејман Реџепи, тој ги задолжи сите да се бунтуваат и да избегаат од него, се разбира, до колку во себе имаат барем еден грам вера.

Сулејман Реџепи, секој божји ден ги прекршува Уставот и сите одлуки, како и прописите на Исламската верска заедница.

Сулејман Реџепи, секој божји ден ги прекршува сите  закони кои се во спротивност со Уставот на земјата, како и сите закони и правни норми на државата.

Сулејман Реџепи секој божји ден ја валка и влошува секоја буква на Канунот на Лек Дукаѓини.

Сулејман Реџепи секој божји ден ги прекршува сите членови на законите на Исламскиот Шеријат.

Сулејман Реџепи секој божји ден ги прекршува сите исламски учења, сите пораки на Пејгамберот а.с., (Пророкот), сите исламски и канонски принципи.

Сулејман Реџепи е обвинет од пошироката јавност како разбојник, како крадец, како антихуманист, како пљачкаш на донации, како узурпатор на јавна сопственост (вакуф), како човек кој води разуздан живот, како човек кој ги негира куранските пораки.

Против Сулејман Реџепи поднесени се тужби и се очекуваат судски процеси.

Сулејман Реџепи го шокираше светот кога се виде како тој одлучува, заедно со семејството, пријателите и другарите, заедно со предавниците и удбашите, заедно со извалканите и копилињата, со криминалците и кловновите, и тргнува да ја оцрни и недопирливата канцеларија на ветераните на ОВК (УЧК).

Сулејман Реџепи ја потресе и ја шокираше целата поширока јавност со својата храброст да повлече и да украде еден милион евра во рок од еден ден од касата на ИВЗ.

Сулејман Реџепи, самопрогласениот „реис“, кој треба да биде највисок пример на колегите од професијата, на неговите соработници и на сите муслимани, гордо и смело ја прекрши основата на здравото семејство според шеријатот и исламските  учења.

Сулејман Реџепи сега веќе е познат ширум светот по тоа што е заробен од механизмите на уцени, е напумпан со неморални валканици и антиисламски нарачки, и дека, со своето последно дејствување, сега и засекогаш, ќе биде многу пати поштетен за Албанците, за Муслиманите и, генерално, за Исламот во оваа земја.

Затоа, овие античовечки, антиалбански и антиисламски дејства споменати погоре, треба да бидат алиби за да се побара да замине Сулејман Реџепи. Сулејман Реџепи мора да замине час поскоро, да го продолжи своето живеење во ѕидовите на неговиот двор и да ужива во овој период од неговиот задоцнет пубертет.

Неговото инсистирање да ја држи и натаму узурпирана Исламската vерска zаедница, зборува за платеник кој има задача да ја уништи iнституцијата на mуслиманите и да гo извалка до крајност исламот на ова поднебје. Овој арам најмалку не треба да го толерираат оџите, кои треба да бидат едногласни и силни во барањето – оди си Сулејман Реџепи, оди си!

Движење на муслиманите за реформи на ИВЗ

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе