Балкански или европски попис 2021?

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

- Дали треба да има попис во 2021 година? ДА.

- Дали пописот треба да биде по европски стандарди? ДА.

- Дали предлогот од владата е со европски стандарди? НЕ.

- Дали опозицијата треба да даде поддршка за европски попис? ДА.

- Дали опозицијата треба да има јасен став што доколку Владата на буткање, сама, со тесно мнозинство, донесе Закон за попис? ДА.

Во текстот подолу ќе споделам неколку забелешки кои се релевнатни и значајни за предлог законот за попис од Владата на Република Македонија.

Тврдењето на премиерот Зоран Заев дека пописот е одложен поради барањето на опозицијата е точно од една и неточно од друга причиниа. Точната причина е дека опозицијата бараше да се одложи пописот, првично планиран за 2020, но единствено за да се донесе закон кој ќе е по европски стандарди на попишување, а неточната причина е дека Државниот завод за статистика не беше спремен за спроведување на пописот, а не е ни до овој момент (дури сега е во тек набавка на компјутери за спроведување на пописот).

Одлагањето на пописот од 2020 за 2021 без усвојување на закон по европски стандарди, не значи ништо за опозицијата, а беше потребно само за неспремните државни органи.

- Што е клучно за пописот?

Граѓаните да веруваат во неговите резултати.

- Дали може да имаме доверлив попис?

Да ако се спроведува по европски стандарди и ако во носењето на законот и неговото спроведување нема сериозни политички структури кои би го спореле.

- Зошто во Македонија е тешко да се спроведе попис?

Бидејќи структурата на Уставот на Република Македонија дава колективни и индивидуални права врз основа на застапеноста на малцинските етнички заедници во целокупното население.

- Кој ќе го спроведува пописот (според предложениот закон)?

Ќе го спроведува директорот на Државниот завод за статистика (назначен од партиска Влада на СДСМ и ДУИ), а право на врзан потпис и одлучување ќе има и заменик директорот (назначен од партиска Влада на ДУИ и СДСМ).

- Дали опозицијата треба да верува на попис спроведен од лица назначени по партиски предлог на СДСМ и ДУИ? Не, има во Македонија и други лица, професионалци кои би спровеле попис во кои ќе може повеќе да се верува.

- Кој треба да го спроведува пописот?

Лица или тело кои ќе добијат поддршка од сите релевантни политички структури.

- Дали во законот за попис има дефиниција за тоа кој ќе биде опфатен со пописот?

Нема. Европските стандарди се дека се попишува резидентно население со вообичаено место на живеење во државата во период од 12 месец пред спроведувањето на пописот. Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани (некои од нив не се присутни и повеќе од 5 или 10 години) заради задоволување на политички цели.

- Дали во законот има прецизна дефиниција какви прашања и податоци ќе се собираат со пописот?

Не, нема.

- Дали во законот има точна дефиниција за потребни документи при попишувањето?

Нема. Колку и да ви е чудно, нема.

- Кој ќе ги утврдува тие прашања и податоци кои треба да се собираат со пописот.

Лично директорот (предложен од СДСМ), секако, само ако добие дозвола со врзан потпис од заменик директорот (предложен од ДУИ). И никој друг!

- Дали при попишување на отсутните ќе се бараат релевантни документи како важечки пасош или лична карта?

Не, Владата предлага да се попишува само со ЕМБГ без да се приложи оргинален документ и без да се приложи доказ дека лицето кое треба да се попише е присутно во државата во последните 12 месеци.

- Дали во законот е предвидено да постои било каков документ при теренското спроведување на пописот?

Не, нема да има документ со кој ќе се гарантира од страна на попишувачите и попишаните за веродостојноста на податоците. Треба да има за да има споредливи документи како доказ за точноста на пописот.

- Дали е предвидена јавност и вклучување на опозицијата при носење на подзаконските акти?

Секако дека не, а треба да е да. Сите акти поврзани со спроведување на пописот треба да бидат прифатливи во најширока смисла, но треба и да бидат одобрени од стручни лица (а такви во Македонија има) од оваа област.

- Дали во Законот е предвидена било каква улога на Советот за статистика (постојан стручен орган составен од претставници на многу државни, научни и стопански институции), формиран и биран едногласно во Собранието?

Не, нема. Се елиминира било каква активна улога на ова највисоко државно и стручно тело од областа на статистиката. Според законот ова тело ќе давало мислење за неколку акти при спроведувањето на пописот, а не се ни прашани за содржината на законот.

- Дали има јасни дефиниции од кои државни органи ќе се користат дата бази на податоци и какви податоци ќе се црпат од нив?

Секако дека нема. Сѐ тоа е оставено на добрата воља на директорот (од СДСМ) и заменик директорот (од ДУИ). А треба да се дефинираат бидејќи и сега државата има релативно точни податоци за тоа колку луѓе живеат реално во државта, каде живеат, дали се сиромашни или богати, колку имот имаат, која етничка или религиска заедница е нивна, кој им е мајчин јазик итн. Некористењето на овие податоци или селективното користење остава простор за сомнеж од злоупотреби.

- Кој ќе го спроведува пописот на терен?

Само по еден попишувач, без да има каква било можност за присуство на двајца попишувачи заради точност на податоци. Да потсетам, тој еден попишувач дури и нема да има обврска да се потпише на докуметн за веродостојност на податоци.

- Дали е предвидено постпописно истражување на точноста на податоците (според европски стандарди)?

Секако дека не. Што ќе им е на СДСМ и ДУИ и кога законот го прават за да може да ги растегнуваат податоците онолку и онака како што сакаат.

П.С. Вчера беше Светски ден на статистиката и се одбележува под слоганот: Да го поврземе светот со податоци во кои веруваме.

Случајно или не, но повикот во Македонија би бил, да спроведеме попис во кој можеме да веруваме.

Илија Димовски

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе