Амнестијата е класичен случај на парада на вмровскиот и македонски срам

Имаше ли барем еден пратеник, кога го стискаше зеленото копче, само за момент да се сети на Македонците кои беа врзани за столб и со експлозив кренати во воздух.

Прашањето за амнестијата на хашките случаи ниту еден свесен и совесен Македонец, а најмалку пратеник во македонското Собрание, не требаше да го третира на таков начин како што беше истретирано.

Значи веднаш да кажам дека се работи за автентичното толкување на Законот за амнестија односно за Хашките случаи од 2001 година. И затоа сакам да го изразам својот остар револт и огорченост против безгласните и безумни политичари кобожемни „народни избраници“, а впрочем однародени платеници, против политичарите желни за удобна фотеља, кои под параванот наречен „големи политички цели“ ни го уриваат нашето достоинство и ја покажуваат својата бездушност и безумност.

Сакам јавно да го изразам своето срамење од ваквите  слепи послушници и бездушници кои без тронка срам и емоции „гордо и немо” го дадоа својот глас ,,ЗА” за изгласување на автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија.

Па оттука, целиот текст е пишуван пред се од аспект на човек и македонски патриот, а не од аспект на мојата професија, од причина што својот стручен став по однос на ова прашање го кажав прв во нашата држава во електронските и пишуваните средства за информирање.

Да се потсетиме дека собраниските 63 бедници и бездушници, тука пред се мислам на припадниците на ВМРО-ДПМНЕ (ако може да се рече дека се припадници на оваа партија и нејзината идеологија) под изговорот дека се „современи патриоти”  пред неколку дена изгласа автентично толкување на случаите „Водство на ОНА“, „Непроштено“, „Мавровски работници“ и „Липковска брана“, со што се стави крај (за мене привремен) на кривичните дела извршени во текот на конфликтот во 2001-та година. Јас досега немам сретнато случај во кој било дел од светот каде извршени кривични дела се затвораат (се бришат како да не постоеле) со политички договор. Тоа само во Македонија и со вакви политичари може да се случи. Со изгласувањето на автентичното толкување собраниските однародени п(л)ратеници и нивните наредбодавачи покажаа дека за нив нема ништо свето и на тој начин го допреа дното на моралот. Тоа беше класичен случај на парада на вмровскиот и македонски срам.

Од денот кога го притиснаа зеленото копче за автентичното толкување постојано се прашувам, имаше ли малку совест и човештина кај нив. Имаше ли во тој момент некој од нив барем за момент да се сети на Македонците врзани за столб и со експлозив кренати во  воздух. Имаше ли човек кој во моментот на стискањето на зеленото копче да се сети на киднапираните, на живите запалени во Вејце, на злосторствата што ги направија џелатите. Па знаат ли тие стискачи на зеленото копче дека овие злосторства ни Господ не може да ги амнестира, а камоли некои однародени п(л)ратеници. Иако може да личи на вообичаена флоскула, сепак бидете сигурни дека сите тие вмровчиња на привремена работа во ВМРО-ДПМНЕ  ќе бидат запишани со црни букви во македонската историја, исто како и нивните наредбодавачи.

За секој нормален човек сосема е нелогично и апсолутно несфатливо некој во име на некој си лажен соживот, во име на привремен и привиден мир да прифати коалиција, партнерство и другарување со киднапер, со убиец со умисла, со нечовек. Уште помалку некој некого да ослободува од одговорност, за кое нема ниту правна, ниту морална основа. Дали на наредбодавачот, креаторот на одлуката за вакво автентично толкување и на слепите послушници (п(л)ратеници) пред да заспијат не им се вртат во мислите ликовите на луѓето со изгравирана кожа, ликовите на киднапираните убиени и влечени со трактор, на живите запалени и кренати во воздух луѓе. Ако досега не им се појавиле нека бидат сигурни дека ќе им се појават во иднина и ќе ги прогонуваат во текот на целиот живот. Наместо да поддржуваат нешто што е неподдржливо, на наредбодавачот и извршителите на наредбата требаше да им проработи совеста, емоциите и човечноста при самата помисла дека треба да ослободи  некој кој се однесувал како звер. По се изгледа дека таа совест (се рабира доколку некој и малце ја имал) остана длабоко закопана во нивната душа.

Дури и она гревче Тарчуловски беше ставен во игра. Замислете, човекот кој заради тие кои ги направија овие злосторства денес лежи 15 години во европските  зандани, се „обраќа“ на премиерот Никола Груевски и му „порачува“ дека Хашките случаи треба да се заборават и земјата да продолжи да оди напред. Кое напред Јохане? Каде напред Јохане? Што се случи со тебе? Наместо против амнестија, ти зборуваш за амнезија Јохане!!! Меѓутоа, без разлика на неговата амнезија, на него и неговите мора да им стане јасно дека тој беше употребен како крпа за неговите нови „соборци“ да ја избришат својата нечиста совест. Во тој контекст нешто слично ќе напише и Никола Младенов во последниот број на Фокус – „Јохан е сурово понижен од пропагандистите на Груевски, кои на безочен начин го вклучуваат и него во одбрана на неодбранливото. Тој е последниот човек од кој треба да се очекува благослов за амнестијата“.

На крајот како резиме на сето ова би сакал да прашам? Дали со направениот политички компромис и гнасната и нечовечка политичка трговија (бришење на злосторство за удобна власт),  трговците политичари се сигурни дека власта и удобното седење на функционерската фотеља ќе потрае и наредните четири години.  Дали вредеше потребата за владеење да се трампа со нешто што не смееше да се трампа? Дали на овој начин политичките трговци сметаат дека ќе се подобри меѓуетничкиот соживот? И уште многу други „дали“. Ја сум сигурен дека од ова што е набројано ништо не е сигурно. Па ако е така, и ако со тоа се согласуваат најголем број македонски граѓани (барем од она што го слушав на емисиите кои ги вклучуваат граѓаните во живо со свои коментари за овој случај), тогаш зошто имаше потреба од трговија за сметка на оние несреќни луѓе чии животи бездушно беа одземени. Зарем  позициите и фотељите беа поважни од  одредбите на меѓународното право? Правдата е спора, ама секогаш излегува на површина. Што би рекол премиерот Груевски „вистината е како шило, в’рти, в’рти па ќе излезе на виделина“.

Јове Кекеновски

(Колумната е објавена во „Изгреј зора на слободата” број 2, весник на македонската дијаспора во Канада, 29 јули 2011 година)

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе