Американската амбасада и промената на Уставот

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

Веднаш по првичното пуштање на ваква сензационална вест, американската амбасадорка оди на средба со европските, антикоруптивни, антикриминални и прогресивни Груби, Османи и Ахмети од исто толку антикорупциската, антикриминалната, проевропска и прогресивна партија ДУИ.

По ваквата сензационална вест за американско агресивно ловење корупција преку американската амбасада излегува антикоруптивниот, антикриминалниот, проевропски, зелен и прогресивен Османи, кој пред камери кажува како тие, власта, побарале од амбасадата и стратешкиот партнер помош во лов на корупција. Ајде мајката!

Откако СДС, а пред се ДУИ, си ставија нивни, понивни не може, луѓе на клучни места во правосудниот систем, како што се шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал (комшијата на Ахмети кој случајно практикувал слики од формално-правен карактер со функционери на ДУИ), како претседателката на Судскиот совет која цел живот е приправник, стручен соработник, ама член на правна комисија на СДС... значи по осигурувањето на вакви клучни функции за гонење на криминал и корупција, дури сега американската амбасада агресивно ќе лови криминал и корупција со свој тим? Овие ликови од ДУИ и СДС кои се на клучни позиции во правосудни органи ќе ги гонат пријавените за корупција од тој фамозен американски тим? Ајде мајката.

Кој ја голта оваа приказна?

Кој ја голта оваа приказна особено по првичната игранка со промената на Уставот за промена на името и шашмата која се одигра со осумте пратеници од ДПМНЕ?

Истата шема е и сега во игра. Никаков лов на корупција, никакви бакрачи. Јасно е ко ден. Сценариото е исто, остатокот се нијанси.

Наместо СЈО, сега имаме американски тим кој агресивно ќе лови корупција и на пратениците од ДПМНЕ кои ќе бидат „фатени” со раче во мед, новите осуммина, ќе им се заканат со затвор. Она фатени е во наводници оти веќе ги знаат. Вујко Сем, Големиот брат, секако знае сѐ, дури и кога одат на мочање. Дополнително на таквите ќе им се даде уште една понуда, таква што нема да може да ја одбијат. Како на Крсто вратар Муковски. Понудата ќе биде сакате да кренете раче за уставни измени и да ви дадат куп тендери ко на фирмите на Муковски, или сакате затвор?

Арно ама пред јавноста и широкото членство на ДПМНЕ таа приказна не може да помине. Не е добро за имиџот на стратешкиот партнер САД, а не е добро и за Мицкоски, кој ако одигра како за промената на името, треба да си го добие ветеното премиерско место.

И како ќе се перат? Па се разбира, исто како за името, со уставобранителите. Оние луѓе кои беа насанкани од ДПМНЕ да ја бранат власта на ДПМНЕ со влез во Собрание, кои заработија затвор, чии слободи после, за пред јавноста, беа трампани за промената на името.

Нормално, сите тогаш не добија слобода во таа трампа за амнестија, ама затоа сега делот што остана од нив во затвор ќе се стави на маса под изговор за помирување за европскиот пат. Така нема да биде мафијашки дил и лошо по имиџот на САД, ами ќе биде прогресивно и европски, а така и Мицкоски ќе претрпи што е можно помала штета.

Сума сумарум, промена на Уставот, парадоксално на грбот на уставобранители, Мицко малку херој, малку предавник оти ги ослободил уставобранителите и оти се налутил и ги избркал новите осум од партија (помала штета за него и ДПМНЕ) и прогресивниот имиџ на САД обезбеден.

Мицко и ДПМНЕ задоволни, стратешкиот партнер задоволен, Бугарија задоволна, ДУИ задоволни, СДС секако се распаднати, а НАРОДОТ ЗАЕБАН.

Е нема да може овојпат другари. Сте се заебале дека на оваа игра два пати ќе нѐ фатите. Ќе нѐ фатевте да немаше начин како сѐ ова да се минира. А има и ние на сите ќе го раскажеме.

Лекот на оваа операција е следен. Секој пратеник на ДПМНЕ кој ќе добие пријава од ова фамозно тело за гонење на корупција веднаш да даде оставка од пратеничката функција за да не се прави притисок врз него за да избира помеѓу затвор и промена на Уставот.

Така на негово место ќе дојде наредниот на избирачката листа. Тоа се понизок партиски ешалон и шансите да се заглибани во тежок криминал се помали, а и да имаат раче во мед, ќе им треба време да ги одработат до пријава и така ќе се купи време до наредни избори.

Во спротивно, ако оние пратеници од ДПМНЕ кои ќе бидат идентификувани како пратеници со раче во мед од ова америчко тело, ако не дадат оставки за да не може да се влијае на нив, игранката и предавството на Мицкоски и ДПМНЕ ќе бидат јасни ко ден.

На крајот некој и да биде осуден, секако шансите се да не лежи и пресудата да падне во вода. Една финта е иницираните постапки од ова американско тело да паднат во вода пради нелегален начин на стекнати докази. На кој начин ќе води истрага, ќе собира докази или ќе се меша во постапка на собирање докази ова американско тело, кое не е државно тело на државата Македонија и нема законски основ за тоа? А нелегално стекнати докази се третираат како да непостојат. Исто како шо се третира снимката на Заев во која Заев бара евро за Вице.

Големата слика е оваа. Ова е време за распад на СДС врховистичка. Ова е време на пасокизација на СДС. Тоа не е така оти јас или некој друг така сакаме, ами тоа е политички закон кој ги погоди сите социјалдемократски партии по нивните економски предавства на нивните народи. Пасокизацијата на СДС ќе биде дополнително пострашна поради тоа што, покрај економското, имаа и голо национално предавство. Сметката е пасокизација.

Арно ама ова може да биде и време на распад на ДПМНЕ. За тоа треба две работи.

Едната е да продолжат со тачизам, кој е апдејдиран заевизам, кој пак е апдејтиран груевизам. Втората е да одиграат во оваа игра за промена на Уставот која нема да помине така како шо е замислена без последици по нив. Тачизмот веќе го практикуваат. Пола работа е завршена. Останува уште ова.

Апел до Мицко и пратениците на ДПМНЕ - берете ум и кога ќе дојде вистинскиот момент таргетираните пратеници правовремено да дадат оставки, а на нивно место да дојдат чисти кои не може да бидат предмет на закани за лежење затвор ако не гласаат за промена на Уставот.

Во спротивно покрај пасокизацијата и распадот на СДС ќе има и распад на ДПМНЕ.

Македонија ќе опстои, истрпела она и поголеми душмани, ама вие нема да опстоите.

Саше Јанчев,

член на Советот во Општина Гевгелија од Левица

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе