Куклици – Легендата за македонската камена свадба

Во регионот на Осоговието на осум километри северозападно од Кратово се наоѓа една од најубавите природни реткости во Македонија, Куклица. Станува збор за уметничко дело на природата кое е старо над 50 илјади години, настанато со вертикална ерозија на меките вулкански карпи.

Локалитетот „Камени кукли" е всушност комплекс на повеќе стотици камени фигури каде природата направила ремек дела несвојствени ни за најкреативниот човечки ум. Камениот град Куклица е место на кое фигурираат 120 помали и 15 поголеми камени столбови.

Тие се навистина изненадувачки природен феномен, а настанале под влијание на ерозијата и климатските промени кои се одвивале во минатото на овој терен. За странците е познат како Камениот град, кого го прати интересна легенда, која нема да ве остави рамнодушни и ќе ве натера да го посетите овој локалитет.

Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Меѓу локалните жители местото е познато како „Весела свадба" зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка.

Фото: Роберт Атанасовски

 

 
Недела, Септември 20, 2020 - 23:48

Фотогалерија

28 Ноември 2020 - 16:18

„Ги предупредувам Зоран Заев и Владата, на памет да не им дојде да го начнат македонскиот идентитет“, порача...

26 Ноември 2020 - 20:58

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица попладнево одржаа протести, Левица под мотото „Антифашистички антивладин...

12 Ноември 2020 - 11:50

Коронавирусни респираторни капки, ПМ10 честички, ПМ2,5 честички, прашина од градењето згради, отрови од...

05 Ноември 2020 - 21:50

Мечето Теди од Штип ќе патува во резерватот „Паркот на танцувачките мечки“ во Белица. Ова животно, кое три и пол...

16 Октомври 2020 - 11:21

Црни, бели, дезенирани, аптекарски, домашни, нарачани. Скопјани есенва со маски се штитат од непосакуваните...

04 Октомври 2020 - 17:12

Под мотото „Трчањето ќе ве промени" денес на скопските улици се одржа 16-то издание на најмасовната спортска...

01 Октомври 2020 - 14:59

Денеска почна учебната година за 270 илјади ученици и средношколци во земјава, под посебни, досега невидени...

24 Септември 2020 - 23:51

Тотнем добро се испоти за да се пласира во плејофот од Лига Европа, Жозе Мурињо можеби очекуваше полесна задача...

09 Септември 2020 - 12:32

Пожарот што избувна утрово во зградата кај што се сместени и Секретаријатот за европски прашања и агенцијата МИА...

06 Септември 2020 - 14:59

Фестивалот се одржа на 4 и 5 септември на Плоштад Македонија во Скопје

Оваа година беше избрана...

31 Август 2020 - 13:24

Фото: Роберт Атанасовски

27 Август 2020 - 18:24

Србија минатата недела почна да поставува жичена ограда на границата со Македонија, за која прешевските власти...