Бугарија се подготвува делумно да пристапи во Шенген зоната на 31 март, кога нема да има пасошка контрола на патниците во воздушниот и водниот сообраќај.
Според Ројтерс, граничните контроли ќе останат во копнениот сообраќај.
Бројот на вработени во Фронтекс во Бугарија ќе се зголеми на 500 до 600.
„Бугарија е многу важен партнер. Без Бугарија не можеме да ги заштитиме нашите надворешни граници“, рече шефот на Фронтекс, Ханс Лајтенс.
Фронтекс објави дека минатата година биле регистрирани 380.000 нелегални влегувања во ЕУ, што е највисока бројка од 2016 година.