Црна хроника

Шеесет годишник и неговиот син на 26 години се повикани и задржани во полициска станица поради сомневање дека извршиле физички напад врз нивната 30 годишна ќерка и сестра.

24 Јануари 2022 - 13:36

Полицијата уапси четири лица од Врапчиште кои украле „ситроен берлинго“. Возилот набрзо било најдено, а четирите лица се уапсени.

24 Јануари 2022 - 11:35

На подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициската станица Карпош вчера во 15:15 часот биле лишени од слобода А.Л.(22) и малолетник од Скопје.

24 Јануари 2022 - 11:15

Сообраќајната полицијата вчера во Скопје изрече 155 казни, најмногу за брзо возење, но  казнети се 23 лица кои возеле под дејство на алкохол, а 23 лица управувале со моторни возила без возачка дозвола.

24 Јануари 2022 - 09:37

При контрола на возило кое вршело јавен превоз на магистралниот пат Кичево - Гостивар полицијата утврдила дека за возилото не е издадена лиценца за превоз, поради што се поднесени кривични пријави против сопственикот на возилото и фирмата, како и против возачот.

23 Јануари 2022 - 16:53

Денеска, во периодот од 10 до 16 часот, со радарските полициски контроли регистрирани се 68 возачи кои со своите возила возеле побрзо од дозволената брзина, а некои од нив и значително ја пречекориле максимално пропишаната брзина, како возачот од фотографијата кој во моментот кога бил „снимен“ со радар се движел со брзина од 215 километри на час.

23 Јануари 2022 - 16:46

Вчера попладнето во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која со тешки повреди се здобило 17-годишно момче. Врз него удрил автомобил, а возачот избегал.

23 Јануари 2022 - 13:13

МВР информира дека полицијата во Скопје сопрела „пежо“ со прилепски таблички, а во возилото била најдена марихуана. Дрога е пронајдена и при претрес на неколку лица на други места во главниот град.

23 Јануари 2022 - 13:10

Синоќа пред полноќ полиција влегла во кафеана во селото Миравци и затекнала гости кои немале сертификат за примена вакцина против ковид-19 или потврда за скорешна прележаност на болеста, гостите биле послужувани од вработени кои не носеле маски на лицата, а во кафеаната немало дезинфекциски средства.

23 Јануари 2022 - 11:41

Во текот на ноќта, во временскиот период од 22 до 4 часот, сообраќајната полиција организираше акција за тестирање на возачи со „дрегер“, уред за откривање на присуство на алкохол. Кај вкупно 123 возачи низ земјава е утврдено дека возеле во алкохолизирана состојба - 17 возачи во Тетово возеле под дејство на алкохол, 15 на територијата на СВР Стрмица, 11 во Битола. Во Скопје во истиот временски период беа „фатени“ 23 возачи, информира МВР во новото соопштение.

23 Јануари 2022 - 10:12

За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје, полицијата утврди дека 19 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, кај 19 возачи е утврдено дека возеле под дејство на алкохол, а седум од возилата кои биле запрени, биле технички неисправни. 

23 Јануари 2022 - 09:37

Полицискиот радар денеска, за шест часа контрола, регистрира 90 возачи кои возеле значително побрзо од дозволената брзина на автопатот од Велес кон Кумнаново. На патиштата низ Македонија некои возачи и натаму возат пребрзо, без оглед што температурите се под нулата при што може да се соочат со мраз на патот и да ја загубат контролата. На фотографијата се гледа како еден возач е „фатен“  на радар при брзина од 194 километри на час.

22 Јануари 2022 - 19:19

Во тетовскиот суд денеска е прифатено барањето на обвинителството на P.C. (27) od Порој да му се определи мерката притвор. Кај него дома беа пронајдени оружје и муниција. Триесетдневниот притвор ќе го издржува во „Затвор Скопје“.  Полицијата информира дека се обезбедени двајца негови роднини кои при претресот вчера нападнале полицаец.

22 Јануари 2022 - 16:23

Жител на селото Крушопек бил запрен кај селото Удово, а во неговиот „голф“ полицијата виде девет мигранти од Сирија и Индија, Изгледа автомобилот „голф“ е популарен кај криумчарите, пред 10 дена беа уапсени двајца српски државјани кои успеале да качат исто толкав број на мигранти - девет лица од Куба. 

22 Јануари 2022 - 11:44

За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје, полицијата утврди дека 13 возачи возеле иако немале возачка дозвола, а од контролираните возила, осум биле технички неисправни.

22 Јануари 2022 - 09:48

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе