Жител на Кичево истепал Романка, па ѝ се заканувал со пиштол

Вчера во 15.00 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Џ.А.(51) од Кичево. Тој се сомничи дека физички ја нападнал и со огнено оружје се заканувал на неговата пријателка И.К.Т.(22) од Романија, информираат од МВР.

Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава" калибар 9 милиметри и 155 куршуми за пиштол, калибар 15 милиметри.

Тој бил приведен во полициска станица, а за настанот бил известен Центарот за социјални работи Кичево, од чија страна се преземени мерки за згрижување на жртвата. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе